Search for content, post, videos

Маслинки – го негуваат нашето здравје

Маслинките и маслиновото масло се скапоцен благодет на природата. Низ историјата, маслинките биле синоним за мир, слава, моќ, плодност и мудрост. Маслинките и маслиновото масло се користат како храна и лек со векови. Покрај тоа, маслиновото масло се смета за свето масло, па затоа сè уште се користи во многу религиозни обреди. Маслиновото дрво потекнува од Медитеранот и западна Азија, а одгледувањето на маслинки започнало пред повеќе од 7.000 години. Старите Грци ги мачкале своите тела и коса со маслиново масло за да постигнат добро здравје. Маслиновото дрво е многу издржливо и може да живее неколку векови, а постојат тврдења дека некои дрвја се стари 1600 или дури 2000 години. Верувале или не, жителите на Санта Бартоло ди Карана на Сардинија тврдат дека навистина старата маслинка што се наоѓа таму е стара околу 4000 години. Денес, маслинките се одгледуваат во многу делови од светот со медитеранска клима, како што се државите низ целиот медитеран, Израел, Палестина, Јужна Африка, Чиле, Перу… Маслинките зреат и се берат во септември, но не се јадат свежи, туку бараат одреден вид припреми и преработка пред да стигнат на трпезата, без разлика дали се работи за цела маслинка со семка или маслиново масло. Инаку, ладно цеденото маслиново масло е познато како една од најздравите намирници кои се користат во исхраната. Поради својата навистина многу лековита моќ, маслиновото масло се повеќе го препорачуваат современите лекари и се почесто се користи во исхраната. Како и секој друг природен лек, така и маслиновото масло ќе има поголема корист доколку започнете навреме со неговото користење, за превентивни цели. Треба да се напомене дека ладно цеденото нерафинирано маслиново масло е најздраво за исхрана и дека треба да се става во веќе подготвена храна, како и што помалку и да се изложува на високи температури. Кога станува збор за маслинките како лек, се верува дека ова растение лекува дури 60 видови болести. Благодарение на високата содржина на витамин Е, маслинките се корисен антиоксиданс. Покрај тоа, тие содржат многу хранливи и лековити материи: витамин Ц, Д, А, К, растителни масти, протеини, бета-каротин, ензими, незаситени масни киселини, омега-3 киселина, олеуропеин, олеинска киселина, стеаринска киселина, палмитинска киселина , хлорофил, флавоноиди, фитостероли, железо… Така маслинките и маслиновото масло благотворно делуваат на здравствени проблеми како што се: побрзо варење на храната во организмот, чир на желудник, нарушена функција на црниот дроб, висок холестерол во крвта, нарушен крвен притисок, мозочен удар, дијабетес, хипертироидизам, нарушувања на менопаузата, проблеми со простатата, ревматизам, бронхитис, астма, орални и забни заболувања, главоболки, воспаленија и вирусни инфекции, кандида, запек, оштетување на клетките, мозолчиња, акни, егзема, сува кожа, оштетена коса, нокти, изгореници поради прекумерно изложување на сонце и… Во медитеранските земји, каде маслиновото масло со векови се користи во редовната исхрана, помал процент на луѓе се дијагностицирани со мозочен удар, срцеви заболувања и дигестивни заболувања.Маслиновото масло ќе ја ублажи болката во мускулите ако лесно се трие на болното место.Против чир на желудникот и гастритис се препорачува по една голема лажица домашно ладно цедено маслиново масло, секое утро најмалку 40 дена. Маслиновото масло, лимонот и магдоносот се корисни за лекување на инфекции на мочниот меур и уринарниот тракт. За да го направите ова, измешајте една лажица домашно маслиново масло, една лажица сок од лимон и една лажица свежи листови од магдонос и пијте секое утро на празен стомак.За козметички цели, маслиновото масло се користи во речиси сите средства за нега на тело, лице, коса, нокти и во исто време дава видливи позитивни резултати. Веројатно веќе на сите им е познато дека нема ништо поефикасно за нега на оштетената и сува кожа и коса од маслиновото масло. Дали некогаш сте се запрашале дали има поголема разлика и кои маслинки се всушност подобри? Зелена, црна или црвеникава? Несомнено, маслинките се здрави колку и маслото што го добиваме од нив, но има разлика, иако не е преголема. Маслинките ја менуваат бојата како што созреваат, а што јадеме зависи само од тоа кога ќе се соберат. Зелените маслинки се всушност помалку зрели маслинки, црните маслинки се зрели или презрели додека црвеникавите маслинки се собираат точно во моментот на зреење. Ако тогаш не се бере, маслинката ја менува бојата во пригушени виолетови тонови за на крајот да стане црна маслинка. И во тој период малку се менува. Зелените маслинки се посочни и малку послатки, со месо што изгледа посвежо од црните. Црните маслинки се позрели, односно помеки, а нивниот вкус е горчлив и поинтензивен од зелените. Меѓутоа, кога се прават масло, црните маслинки даваат поубава златна боја и вкус со помала горчина. Сепак, иако се испостави дека најголемата разлика е во нивниот вкус, зелените сепак се малку подобри, бидејќи како што созреваат, црните маслинки губат помалку од своите антиоксиданси. Односно, ако се собира порано, а зелените маслинки обично се собираат во септември кога се уште не се целосно зрели, тогаш тие имаат повеќе полифеноли, додека црните, зрели маслинки имаат повеќе масло во себе. И тоа е всушност единствената разлика што треба да ја споменеме кога станува збор за подобри, односно поздрави маслинки. Тие уште се богати и со бројни антиоксиданси и здрави, хранливи материи. Меѓу нив, особено мораме да ги нагласиме здравите масти. Иако е релативно висока, содржината на масти во маслинките најмногу се должи на мононезаситената олеинска масна киселина, која го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и придонесува за намалување на високиот крвен притисок. Околу 100 грама маслинки имаат 6,3 отсто јаглехидрати, 0,8 отсто протеини и 10,7 отсто масти. Тие исто така содржат значителни количини на влакна и важни минерали како што се калциум, железо, цинк, бакар и селен. Тие исто така содржат голема доза на витамин Е и важни фитохемикалии како што се бета каротен, лутеин и зеаксантин. Треба да истакнеме и дека маслинките немаат многу калории, а најголемиот проблем со нивното консумирање не е количината на маснотии, бидејќи тие се здрави масти, туку солта, доколку ги купите конзервирани. Во овој случај, тие треба добро да се исплакнат пред јадење. Затоа не дозволувајте да останете без овој прекрасен природен сојузник за вашето здравје.

С.Ј.