Search for content, post, videos

Мечкин лук – чудо од растение

Мечкиниот лук е необично здраво растение. Употребувајте го, сега е сезоната на младиот мечкиниот лук, до крајот на месец мај. Растението сремуш или попознат во нашиот крај како мечкин лук или како див лук, главно расте во повисоките планински области, но сè повеќе луѓе го одгледуваат во градините. Се карактеризира со силна арома и зачинет вкус. Можете да го берете ова лековито растение од март до мај. Доколку ова растение го користите за медицински цели, најдобро би било да го наберете токму сега на пролет, пред да процвета и свежиот надземен дел од растението. Исто така, за медицински цели се користат и сремуша сијалиците, кои потоа треба да се берат во август.

Лековити својстваРастението Мечкин лук или Сремуш е богато со минерали и витамин Ц, па може да помогне при разни здравствени проблеми. Листовите содржат поголемо количество на витамин Ц, така што луѓето најчесто се одлучуваат за употреба на неговите листови. Против висок холестерол и притисок – Листовите на мечкиниот лук, додека се уште млади, поради присуството на корисни минерали, се препорачуваат за луѓе кои страдаат од високо ниво на холестерол и триглицеиди во крвта, како и висок крвен притисок. Ова растение има корисен ефект врз артериите и може да спречи атеросклероза. Против воспаленија и инфекции – консумирањето свеж мечкин лук поволно делува на паразитите во цревата, ги штити цревата од иритација, а го штити организмот и од настинки и од грип. Помага во лекувањето на бронхитис, бидејќи ги чисти дишните патишта, го олеснува дишењето и ја намалува кашлицата. Против чир на желудникот и гастритис – консумирањето на мечкиниот лук се препорачува за луѓе кои имаат стомачни проблеми. Делува смирувачки на иритираниот стомак и на болката предизвикана од чир на желудник. Мечкин лук за здраво срце – ова растение има способност да ги шири крвните садови, поточно ги прави еластични, што позитивно влијае на функционирањето на срцето. Спречува срцев удар, бидејќи го штити срцето со зајакнување и подмладување на ткивото на срцевиот мускул. Мечкин лук за кожа – во форма на купка, мечкиниот лук е идеален за сите оние кои патат од проблематична кожа, воспалителни процеси на кожата, иритација на кожата, егзема и дерматитис. Мечкиниот лук како прочистувач на организмот – лековитите својства на сремушот се ефикасни за чистење на телото од токсини. Поточно, сремуш ги чисти црниот дроб, бубрезите, цревата и жолчното кесе. Покрај наведеното, сремушот може да се користи и за следните здравствени проблеми: ги ублажува инфекциите на уринарниот тракт, ја намалува надуеноста и гасовите, го забрзува варењето, ја спречува остеопорозата и е идеален за ревматизам и артритис, бидејќи може да ја намали болката во зглобовите.

Лековити рецепти со мечкин лук – Сок од мечкин лук – За подготовка на овој сок потребни ви се 300 гр. листови од сремуша кои ситно ќе ги исецкате, а сокот од нив ќе го исцедите со помош на соковник или цедалка. Добиениот сок чувајте го во мало шише или стаклена тегла. Три пати на ден можете да консумирате по 1 лажичка сок од сремушка која по желба ќе ја додадете во вода, чај или јогурт.

Мед со мечкин лук – За подготовка на медот со мечкин лук ќе ви треба претходно споменатиот сок да го додадете во природниот пчелен мед. Измешајте ги состојките во следната количина: 300 мл сок од сремушка на 1 кг мед. Можете да консумирате 1 лажица, 3 пати на ден, со малку вода.

Вино со мечкин лук – За да го подготвите ова вино, потребни ви се следниве состојки: – 50гр листови мечкин лук – 250мл бело вино. Во соодветен сад ставете ги ситно исечканите листови сремушка и прелијте ги со бело вино. Покријте и по 20-30 минути процедете. Добиеното вино консумирајте го во мали голтки во текот на денот. Ова вино е идеално за разградување на насобраната слуз во белите дробови и нејзино исфрлање.

Тинктура од лист од мечкин лук – За да ја подготвите оваа тинктура потребни ви се следниве состојки: – 200 гр листови мечкин лук, – 1л  сок од грејпфрут. Во шишето ставете ситно исечкани листови мечкин лук и прелијте со сокот. Оставете да отстои 20 дена во затворено шише со повремено мешање. Откако ќе отстои, процедете ја добиената течност и истурете ја во теемн стаклен сад со капак, кој ќе го чувате на темно место. Оваа тинктура можете да ја консумирате наутро и навечер, по 1 лажичка, која ќе ја додадете во половина чаша ладно млеко или јогурт.

Путер од мечкин лук – За подготовка ви се потребни следните состојки: – 50гр листови сремуш, – 250 гр путер, – сол и бибер по желба. Измешајте ги ситно исечканите листови од мечкин лук со претходно растопениот путер. Потоа посолете и побиберете по желба и сè убаво измешајте да се соедини. Добиената смеса ставете ја во фрижидер. Начинот на употреба е ист како кај обичниот путер.

С.Ј.