Search for content, post, videos

Мед – еликсир на здравјето

Медот е најубавиот производ што ни го дала природата. Ги содржи речиси сите состојки кои го сочинуваат човечкото тело. Нектарот кој се наоѓа во цвеќињата е главниот извор на јаглехидрати кои пчелите потоа ги преработуваат во фруктоза и гликоза, кои се главните атрибути на медот. Пчелите произведуваат мед во своите мали тела и ни даваат прекрасен природен еликсир кој секогаш треба да го имаме дома и да го користиме во исхраната. Многуте растителни состојки во медот го стимулираат и зајакнуваат нашиот имунолошки систем и не прават поотпорни на болести. Медот е богат со различни витамини и минерали кои се неопходни за одржување на добро здравје. Тие вклучуваат: железо, цинк, калциум, фосфор, калиум, бакар, магнезиум, манган, хром и селен. Покрај тоа, содржи амино киселини неопходни за живот. Суровиот мед е исто така полн со ензими. Тие се одговорни за регенерација и здравје на клетките, апсорпција на храна и сите биолошки процеси во нашето тело. Честото прашање е дали е нормално медот да кристализира? Одговорот е да. Вистинскиот мед  кристализира со текот на времето. Кога ќе се подигне лажичка потопена во тегла мед, медот треба да истече од неа во форма на континуиран конец. Кога ќе се преврти затворена тегла со мед, на врвот на теглата се формира воздушен меур и тоа ни кажува дека медот е природен. Кога се користи мед за засладување на топли пијалаци, како што е чајот, треба да се почека напитокот прво да се излади на температура под 55 степени, за медот да не ги изгуби лековитите својства. Лековити својства на медот – Медот од багрем во чај од камилица е добар за лекување на вртоглавица, несоница и проблеми со менопаузата. Медот во чај од шипка се препорачува за лекување на болести на бубрезите и уринарниот тракт. Медот од липа во чаша топло млеко ќе ги ублажи последиците од настинка. За лекување на срцеви заболувања се зема ливадски мед растворен во чаша вода во која е додаден сок од еден лимон. Кога станува збор за лекување на бронхитис и кашлица, треба да пиете што е можно топло млеко во кое е растворена една голема лажица мед. За третман на опстипација земете мед растворен во ладна вода, бидејќи растворен во топла вода ја затвора столицата. За подигнување на имунитетот и подобрување на општата состојба на организмот, потребно е секое утро на празен стомак да се зема по една лажица мед. Во исто време, медот треба да се чува што подолго во устата, па дури потоа да се голтне, за лековите материи што побрзо и без распаѓање да стигнат во крвта. Медот нема штетно дејство, освен што употребата на мед не се препорачува за лица со дијабетес. Што е прополис – Прополисот се формира од мешавина на растителни материјали (кои ги собираат пчелите), со дигестивни ензими и восок. Со него пчелите ги затвораат пукнатините и ги зајакнуваат саќето. Прополисот содржи дури 200 различни состојки, а најважни се: полен, восок, смола, билни мелеми, есенцијални масла, елементи во трагови и витамини. Прополисот се користи за лекување на разни болести, најчесто вирусни, бактериски и габични заболувања и е еден од природните антибиотици. Покажа добри ефекти за лекување на респираторни болести, периодонтитис, изгореници, акни, егзема, цревни инфекции, заштита на ткивото на црниот дроб и зајакнување на имунитетот. Се користи во козметиката, поради големата моќ на регенерација на ткивата. Полен (мед со полен) – Се користи за лекување на чир на желудникот, хронично воспаление на црниот дроб, заболување на простатата, артерисклероза, анемија, депресија и за подобрување на општата состојба на организмот. Полен, мед и пченични никулци – Оваа смеса се користи за лекување на речиси сите стомачни заболувања. Мед и матичен млеч – Матичниот млеч е богат со витамини А, Б, Ц, амино киселини и протеини, па затоа е многу корисен природен лек за замор, исцрпеност, слабост, слаба концентрација и сенилност, несоница, нервоза, ментални болести, срцеви заболувања, слаба циркулација, предвремено стареење. Комбинацијата на мед и матичен млеч ја враќа енергијата и виталноста на телото. Кога користите млеч, користете дрвени или пластични лажици, а никогаш метални. Уживајте во благодетите на медот.

С.Ј.