Search for content, post, videos

Модрата слива – моќен извор на антиоксиданси

Сливата е овошје кое е многу застапено во овие краишта, па затоа се смета за еден вид бренд на нашето поднебје. Постојат и други домашни производи кои се подготвуваат од ова вкусно и пред се здраво овошје. Сливата одамна е позната како многу корисна храна за организмот, луѓето ја консумираат со векови, а исто така има важно место во традиционалната медицина, како моќен природен лек. Свежата слива го регулира крвниот притисок и е моќен извор на антиоксиданси. Свежите и сувите сливи содржат голема количина на витамини и минерали. Сливите се одличен извор на витамините Ц, А и К, а содржат рибофлавин, ниацин и витамини од Б комплекс. Исто така, сливите во која било форма се богати со фитонутриенти, особено со калиум, магнезиум, фосфор и бакар. Сливата е вкусно овошје од кое се прават мармалади, слатки и ракија. За здравјето, сепак, можеби е најкорисна во својата природна форма, како свежа или сушена слива. Народната кујна, како и традиционалната медицина е незамислива без сливата. Сливата е одлична за варење на храната, ги зајакнува коските и го регулира крвниот притисок. Таа е моќен извор на антиоксиданси кои ги штитат клетките од оштетување. Содржи помалку шеќер од другите видови овошје. Богата е со витамини, минерали и растителни влакна. Сливата може да биде одличен избор за лесна закуска. Сливите се богати со растителни влакна кои можат да го забават варењето и да спречат нагли скокови на шеќерот во крвта. Растителните влакна во свежите сливи делуваат како пребиотици, а правилната рамнотежа на цревните бактерии е многу корисна кога станува збор за спречување и лекување на дијабетес. Некои студии тврдат дека сокот од слива содржи адипонектин, хормон кој го регулира нивото на шеќер во крвта. Сливите имаат гликемиски индекс 39, бананите 52, ананасот 59 и лубениците 76. Антиоксидантни својства на сливата – Антиоксидансите се соединенија кои го штитат телото од слободните радикали кои можат да ги оштетат клетките. Со текот на времето, овие клеточни оштетувања можат да влијаат на појавата на сериозни болести како што се рак, дијабетес, артритис и деменција. Регулирање на крвниот притисок – Една мала студија објави дека луѓето со висок крвен притисок кои користеле три грама екстракт од слива дневно три месеци имале значително понизок крвен притисок во споредба со луѓето кои користеле плацебо. Калиумот кој се наоѓа во сливите може да помогне во контролата на крвниот притисок. Калиумот има способност да ја релаксира напнатоста на ѕидовите на крвните садови и на тој начин да ја регулира хипертензијата. Калиумот му помага на телото да се ослободи од вишокот натриум преку урината. Големите количини на натриум го поттикнуваат телото да ја задржува водата и на тој начин да го зголеми крвниот притисок. Сливи за силни коски – Сливите се богати со витамини и минерали кои придонесуваат за здравјето на коските, како што се калиум, магнезиум и витамин К. Сливите се особено богати со овие елементи, па ако сакате да ги зајакнете коските, јадете сливи. Хранливите материи влијаат на нивото на минерали и активно ја поддржуваат структурата на коските. Студија покажала дека жените во постменопауза, кои доживеале слабеење на коските, имале посилни коски откако консумирале сливи неколку месеци. Лек против опстипација – Свежата и сувата слива е народен лек запек. Сливите се богати со растителни влакна, една чаша сливи, на пример, содржи 12,4 грама влакна. Ова овошје е богато и со сорбитол, еден вид шеќерен алкохол кој делува како лаксатив. Модрата слива е „кралица“ на дигестивната микрофлора. Ако во природата има десет видови сливи, најпозната е секако модрата слива – кралица на сите мармалади. Несомнено, најпопуларните слатки намази се базираат на сливи, особено на модрите сливи. Јадете модри сливи за подобро здравје.

С.Ј.