Search for content, post, videos

Моринга – растението на животот

Moringa Oleifera е листопадно дрво, по потекло од Хималајските планини во северна Индија, а денес се одгледува и во Индонезија, Шри Ланка, Карибите, Африка, Централна и Јужна Америка. Морингата се споменува како чудесно лековито дрво од 2000 година п.н.е во ајурведската традиционална медицина и оттогаш се користи во исхраната и во лекувањето на бројни здравствени проблеми. Неверојатно отпорно растение кое непречено расте на потполно суви површини дури и по пожар или сеча, поради што го нарекуваат и Вечно (бесмртно) дрво или Дрво што никогаш не умира. Дрвото Моринга се смета за едно од најхранливите растенија некогаш откриени. Повеќето хранливи материи се наоѓаат во малите листови на ова дрво со темно зелена боја и има мирис кој потсетува на ореви. Од листовите се прави прашок кој се подготвува со сушење на листовите на ниски температури, така што растителното ткиво станува лесно за мелење. Според нутритивните вредности на морингата, прашокот може да одговара на повеќето обични овошја и зеленчуци кои често ги консумираме. Лесно се раствора во вода, па често се користи како состојка во јадењата. Морингата содржи есенцијални амино киселини: изолеуцин, леуцин, лизин, метионин, фенилаланин, треонин, триптофан, валин како и аминокиселините аланин, аргинин, аспарагинска киселина, глутаминска киселина, глицин, хистидин, пролин, серин, тиринерозин и многу е богата со железо. Морингата е богат извор на хлорофил и други растителни пигменти со силно антиоксидантно дејство како што се каротеноидите (лутеин, алфа-каротен, бета-каротин), ксантин и други. Морингата е одличен извор на сите есенцијални и несуштински амино киселини и се препорачува во исхраната на спортистите, луѓето кои се занимаваат со паметна и креативна работа, луѓето кои се под стрес и вегетаријанците. Зеатин е уште една состојка кој е врвен антиоксиданс со моќни својства и моќен детоксификатор на организмот кој влијае на обновувањето на клетките. Моринга игра значајна улога и кога станува збор за здравјето на кожата. Широкиот опсег на хранливи материи ја прави одлична за кожата, а пред се зеатинот, кој влијае на обновувањето на клетките и го забавува нивното стареење.  Морингата е одличен извор на антиоксиданси и содржи многу витамини А, Ц и Е и биофлавоноиди. Активните слободни радикали предизвикуваат кожни болести со тоа што ги уништуваат електролитите во здравите молекули. Хранливите состојки содржани во морингата помагаат во спречување на оксидацијата на здравото ткиво и на тој начин го забавуваат процесот на стареење и создавањето на брчки. Исушениот и мелен прав од листот на морингата содржи околу 20 видови на амино киселини, 46 антиоксиданси, 36 антиинфламаторни компоненти и повеќе од 90 хранливи материи, што го прави еден од најдобрите природни додатоци. Моринга е одличен извор на минерали како што се железо, калциум и витамини А, Б, Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, Е, како и макронутриенти и фитонутриенти. Покрај тоа, тој е одличен извор на протеини и диетални влакна. Придобивки од моќната моринга: Ги чисти крвните садови и ги намалува триглицеридите и холестеролот, влијае на намалување на болките во грбот и коските, ги обновува клетките, ја регенерира кожата, помага при дијабетес, го прочистува целиот организам, ја ревитализира ‘рскавицата. Благодарение на големото присуство на железо во составот, ова моќно растение го забрзува формирањето на хемоглобин и миоглобин, корисно е кај дијабетес, го намалува нивото на триглицериди и го регулира крвниот притисок. Крвните садови со текот на времето ја губат својата еластичност, што доведува до зголемување на крвниот притисок. Луѓето кои имаат висок крвен притисок генерално имаат недостаток на калциум, магнезиум, калиум, цинк и витамин Е. Морингата ги содржи сите овие состојки како и витаминот Ц кој е неопходен за нормално функционирање на крвните садови. Морингата е богат извор на хлорофил кој го зајакнува нашиот имунолошки систем и моќта на регенерација на ткивата. Овој зелен пигмент има антибактериско дејство, ја подобрува функцијата на мозокот, го намалува нивото на холестерол и поттикнува чистење на телото од токсини. Од аргинин, телото го гради хормонот за раст, кој меѓу другото е одговорен за градење на ‘рскавицата, а неговото зголемено производство може да ја намали болката во грбот и коските. Чудесно, зарем не?

С.Ј.