Search for content, post, videos

Морков – портокаловиот заштитник на здравјето

Морковот е зеленчук кој го штити видот и срцето, но и го намалува нивото на холестерол во крвта. Toj e еден од зеленчуците што секојдневно се користи во домаќинството, потекнува од почвата на централна Азија, но се проширил и во Европа и Америка, а моментално се одгледува во голем број земји на сите континенти. Богат е со материи кои се корисни за здравјето.

Морковите се вкусен зеленчук и се редовна состојка во многу јадења. Покрај тоа, овој зеленчук има голем број здравствени придобивки, богат е со растителни влакна, калиум, витамини К и Ц, разни антиоксиданси и бета каротин, што на овој зеленчук му ја дава прекрасната портокалова боја. Но, фактот дека морковите се здрави не значи дека можете да јадете премногу од нив бидејќи може да се појават одредени несакани ефекти. Нутритивна вредност на морковите – Морковите содржат бета-каротин, кој им ја дава карактеристичната портокалова боја. Содржи и многу витамини, како што се А, Ц, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Е и витамин К, и минерали – калиум, магнезиум, железо, калциум, фосфор. Тој е извор на јаглени хидрати и растителни влакна. Морковот содржи 40 калории на 100гр, па затоа е ефикасен за луѓе кои сакаат да имаат витка линија. Моркови имаа големи здравствени придобивки за нашиот организм- Покрај тоа што е многу вкусна храна, морковот има и многу лековити својства за организмот, па затоа треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана. Морковите се идеални за: Забите – Јадењето по еден морков после секој оброк ги убива штетните материи во устата. Ги чисти забите и ги елиминира наслагите од храна, го спречува крварењето на непцата и кариес. Циркулација и висок притисок – Комплексот на витамин Б, присутен во морковите, ја регулира циркулацијата на крвта, обезбедувајќи нормална работа на срцето и белите дробови. Го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и помага во намалување на високиот крвен притисок. Дигестивни проблеми – Јадењето свеж морков го зголемува производството на плунка и го забрзува варењето, обезбедувајќи ги потребните ензими, минерали и витамини. Го спречува создавањето на чир на желудникот и други дигестивни нарушувања. Свежо исцедениот сок од морков е идеален за сите дигестивни проблеми. Запек – Ако комбинирате сок од морков со малку спанаќ и сок од лимон, ќе добиете ефикасен напиток за лекување на запек. Оваа смеса ги чисти цревата. Резултатот не може да се очекува за еден ден, но по две недели дневно консумирање ќе забележите подобрување. Дијареа – Супите од моркови се ефикасни за лекување на дијареа. Тие го снабдуваат телото со течност и минерали (натриум, калиум, фосфор, калциум, магнезиум, сулфур), што ја спречува дехидрацијата предизвикана од дијареа. Од друга страна, супите и чорбите од моркови го спречуваат создавањето на штетни бактерии во цревата кои предизвикуваат повраќање. Цревни паразити – Морковите се ненадминати во лекувањето на цревните паразити кај децата. Една чаша рендан морков наутро на празен стомак помага да се ослободите од овие непријатни посетители во цревата. Плодност – Свежите (сурови) моркови се добри за плодноста. Се верува дека плодноста може да се излечи со редовно консумирање на овој здрав зеленчук. Морковите се исто така корисни за:  зголемување на апетитот, анемија, депресија,  за спречување на гасови (јадете моркови после јадење), стомачни болки, олеснување на непријатност за време на менструалниот циклус, здравје на нервниот систем, здравје на артериите – го намалува високиот холестерол, го забавува стареењето, го подобрува видот и здравјето на очите, ја одржува убавината на кожата. Сок од морков – Свежо исцедениот сок од морков е добар антисептик. Ја намалува стомачната киселина и е идеален за луѓе кои сакаат да ослабат. Се препорачува за луѓе со импотенција и стерилитет. Ако во сокот од морков додадете мед и исцеден лимон, ќе добиете ефикасен напиток за лекување на болести на дишните органи (астма, бронхитис). Предупредување: Иако морковите имаат многу лековити својства, нивната прекумерна употреба може да доведе до состојба наречена каротенодерма. Кај каротенодермата, дланките, стапалата и другите делови од телото добиваат портокалова или жолтеникава боја поради високите нивоа на бета-каротен во крвта. Доколку ја забележите оваа појава, намалете ја потрошувачката на моркови и други намирници кои содржат бета-каротин, така што каротеноидот постепено ќе исчезне.  Морковите содржат витамин А. Кога овој витамин се внесува во телото во големи количини во текот на подолг временски период, може да се појават симптоми како што се гадење, вртоглавица, повраќање и главоболка, кои укажуваат дека се појавила хипервитаминоза на витамин А. Јадете моркови, но во умерени количини!

С.Ј.