Search for content, post, videos

Намирници кои ја елиминираат депресијата.

Се чувствувате депресивно, тажно? Луѓето тогаш обично ви велат да излезете, да се дружите, но вие не сакате! Постои начин да се ослободите од лошото расположение со одредена храна.  Победете ја депресијата со здрава исхрана.Медот, јајцата и кокосот го подобруваат вашето расположение! Се тврди дека коренот на аспарагусот е еден од најдобрите антидепресивни лекови, додека темното чоколадо е познато како вкусна закуска која го стимулира лачењето на ендорфин. Овие намирници ја убиваат депресијата стимулирајќи го производството на хормони на среќата, затоа вклучете ги во вашата секојдневна исхрана што е можно поскоро! Исто така и овие намирници се добри за ослободување од депресијата:

Блитва – Не ја користиме толку често, иако е феноменален додаток. Блитвата содржи многу магнезиум, кој е од витално значење во биохемиската реакција, со што се зголемува нивото на енергија во човечкото тело. Истражувањата покажаа дека пониските нивоа на магнезиум се поврзани со зголемена депресија. Затоа, блитва на маса!

Школки – Тие се богати со витамин Б12, селен, јод, протеини и цинк, а имаат малку масти и калории. Јодот влијае на регулирањето на расположението и тежината, а витаминот Б12 ги зајакнува мозочните клетки.

Темно чоколадо – Докажано е дека темното чоколадо го стимулира лачењето на ендорфин, што создава чувство на благосостојба и задоволство. Содржи и серотонин, кој го ублажува лошото расположение и служи како антидепресив. Секако, не треба да претерувате – неколку парчиња дневно се доволни.

Аспарагус – Се тврди дека коренот на аспарагусот е еден од најдобрите лекови против депресија, а се користи дури и како хербален лек за разни ментални болести. Ова растение е добар стимуланс за нервите и мозокот. Само неколку грама сушен прав од корен од аспарагус, кога се користи секојдневно, може брзо да ја ублажи депресијата.         Мед – Добар е за здравјето, а содржи и кемпферол и кверцетин, антиоксидантни флавоноиди, кои ја спречуваат депресијата и го одржуваат мозокот здрав. И, се разбира, тоа е неспоредливо подобра замена за шеќер.  Јајца – Нашата омилена храна за појадок содржи цинк, витамин Б, јод, омега-3 масни киселини и протеини. Не само што ве полнат со енергија, туку се и многу хранливи, а полн стомак – повеќе среќа.

Домат – Сите видови домати содржат супстанца позната како ликопен. Овој антиоксиданс го штити мозокот, а за најдобри резултати јадете домати со маслиново масло за да ја подобрите апсорпцијата на ликопен.

Кокос – Иако најмногу се наоѓа во нездравите јадења, кокосот содржи триглицериди со среден ланец, кои го подигаат расположението и се добри за здравјето на мозокот. Иако, кокосовото млеко не се препорачува, но кокосовото брашно и свежиот кокос се делотворни кај депресијата.