Search for content, post, videos

Оревите се храна за мозокот

Имаат единствен вкус, ни обезбедуваат огромна количина енергија и ни нудат многу здавствени предности. Грците ги нарекувале Јупитерови плодови и сметале дека се храна на Боговите. Од дамнешни времиња оревите се поврзуваат со интелигенцијата, а интересно е тоа што и самиот плод има облик на човековиот мозок. Тие се на самиот врв на кулата од есенски плодови.

Кога сакате нешто да грицкате, земете неколку ореви. Новите истражувања покажаа дека оревите, кои се богати со растителни влакна, протеини, витамини и минерали, се најздрави меѓу јаткастите плодови. Само седум ореви дневно прават чудо во орагнизмот. Оревите не само што содржат повеќе антиоксиданси од другите јаткасти плодови, туку станува збор за многу помоќни антиоксиданси.

Нутритивни вредности...

Кога станува збор за храна која е здрава за човековото срце, оревите се вистински еликсир и претставуваат природен извор на на антиоксиданси. Оревите се богати со магнезиум (130мг на 100гр), што е третина од дневните потреби на организмот за магнезиум. Оревите го стабилизираат нервниот систем. Секој здрав режим на исхрана вклучува конзумирање  јаткасти плодови затоа што тие се полни со антиоксиданси коишто се борат против штетните слободни радикали во телото.  Докажано е и дека помагаат во заштитата од одредени видови рак, срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Експертите препорачуваат оревите да се конзумираат сирови а не печени, затоа што топлината го намалува квалитетот на антиоксидантите.

Нивниот совет е секој ден да се јадат по седум ореви за да се добие максимален ефект, бидејќи изобилуваат  со омега 3 масни киселини, витамини и минерали, а со оглед на калоричноста тие се и извор на енергија.

Помагаат во јакнењето на кожата, косата и ноктите, ја подобруваат концентрацијата и меморијата и го зголемуваат либидото. Повеќе од 60% од овој плод се всушност масти. Како и на другите јаткасти плодови, така и на оревите единствената мана им е калоричноста.

Силвана Јованчева