Search for content, post, videos

Пролетно смути за здраво слабеење

Сонувате за витка линија и не сакате да се откажете од омилената храна? Оваа пролет пробајте одлични смути со бобинки и протеини кои совршено ќе ве заситат и нема да ви дозволат да ги зголемите килограмите. Во светот на здравата исхрана, смутите (мешан густ сок) се омилени. Ова не е изненадувачки затоа што тие се многу лесни за подготовка и можете со имагинација да комбинирате многу здрава храна како свежо овошје и зеленчук, темнозелен лиснат зеленчук, јаткасти плодови, семки, билки… Одлично е што смути соковите се богати со влакна и нискокалорични, можете  убаво да го започнете денот, да се снабдите со хранливи материи и да уживате во високо ниво на енергија. Со оглед на тоа што после ваквото смути долго ќе се чувствувате сити, нема да посегнувате по нездрави грицки, кои се и најголемите виновници за дебелеење. Некои од состојките кои треба да се најдат во вашето смути доколку сакате да ослабете на здрав начин се: бобинки и егзотично овошје, цитрус, протеински прав, зелен чај, спанаќ или кељ, семе од чиа, лен или коноп, кокосова вода, цимет…

Бобинки – одлични за топење масти – Смутито за слабеење е незамисливо без бобинки, а пролетта ви го подарува совршениот пример – брусница, аронија, малини, јагоди, капини и многу други!  Тие содржат супер здрави полифеноли кои го спречуваат таложењето на масти во телото. Заедно со нив, кралици на витките линии се и боровинките. Овие мали темно сини бобинки богати со антиоксиданси се одлични во согорувањето на мастите – ги активираат гените за топење на мастите. Бобинката е со малку шеќер, а сепак слатка. Богати се со влакна, па поттикнува ситост, го нормализира варењето и ја подобрува циркулацијата. Поради оваа причина јагодите, боровинките, малините и другите пролетни плодови треба да го најдат своето место во вашето пролетно смути, особено ако сакате да постигнете витка линија до лето.

Чиа, лен и семиња од коноп – Покрај тоа што се богати со омега-3 масни киселини, чиа семето обезбедуваат подолго чувство на ситост, така што нема да чувствувате глад. Ленените семиња се одлична состојка во смути за слабеење бидејќи се богати со влакна и го поттикнуваат доброто варење. Покрај тоа, тие го намалуваат чувството на глад. Семето од коноп е сè попопуларна состојка во смути. Тие можат да се пофалат со изобилство на протеини и дури 9 есенцијални амино киселини, а благодарение на влакната обезбедуваат долгогодишно чувство на ситост. Покрај тоа, тие се одличен извор на хранливи материи, витамини и минерали и даваат силен поттик на метаболизмот.

Цимет – Квалитетниот цимет како цејлонскиот, може да ви помогне да изгубите на тежина. Освен што ја намалува надуеноста, го ублажува и проблемот со задржување на течности во организмот. Овој супер здрав зачин помага и во регулирање на шеќерот во крвта. Благодарение на него вашето смути ќе има неодолив мирис и вкус. Кокосова вода  е одлична состојка во смути бидејќи совршено го хидрира телото и на тој начин придонесува и за витка линија. Овој здрав пијалок е богат и со електролити, кои одржуваат важни функции во вашето тело.

Пролетно смути со бобинки и семки – Состојки:     ¼ чаши свежи или замрзнати јагоди или малини,     ¼ чаши свежи или замрзнати боровинки, 2 лажички чиа семе, 2 лажички семе од коноп, 2 лажички екстракт од ванила или ванила во прав, 2 лажички цејлонски цимет, 2 шолји кокосова вода, 1-2 лажици протеински прав (со вкус на ванила или чоколадо). Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и измешајте. Ако вашето смути е премногу густо, можете да додадете уште малку кокосова вода. Уживајте во вашето смути со бобинки!

Што друго можете да додадете на смути за слабеење? – Грејпфрут – го стимулира производството на хормони кои ги разградуваат мастите во телото. Зелен чај – кофеинот ја зголемува енергијата, а антиоксидансите од овој чај го стимулираат топењето на мастите помагајќи му на црниот дроб да ги претвори мастите во енергија. Спанаќ и друг темнозелен зеленчук – богат со влакна и минерали. Цели зрна како овес или кафеав ориз – богати со влакна и хранливи материи. Авокадо – содржи здрави масти и обезбедува долготрајно чувство на ситост, го намалува нивото на стрес на кортизол, хормон кој го зголемува ризикот од дебелина. Јаболка и круши – богати се со растителни влакна и пектин и обезбедуваат долготрајно чувство на ситост. Наздравје!

СЈ