Search for content, post, videos

Рибизла – го разубавува организмот

Една шака дневно го лекува црниот дроб и ги штити крвните садови, коските и во народната медицина рибизлата е позната како лек кој го зајакнува, чисти и разубавува организмот. Без разлика дали е црвена или црна рибизлата е одличен извор на витамин Ц, а содржи и протеини, јаболкова, лимонска и винска киселина и гама-линолеинска киселина. Богата е со калциум и фосфор, со витамини од групата Б (Б1, Б2, Б3 и Б6), Ц, А и К. Црвената рибизла е одличен извор на антиоксиданси и минерали кои го подобруваат квалитетот на кожата и косата. Помага во детоксикација на телото и на тој начин ја зголемува отпорноста на организмот на болести. Содржи витамин Ц, како и железо, кое помага при анемија. Витаминот Ц има и антихистамински својства кои го намалуваат дејството на алергените, штитат од бактерии и вируси и ги олеснуваат симптомите на астма. Ги штити крвните садови и коските. Рибизлата содржи калиум, кој е важен за здравјето на срцето и квалитетната работа на целиот организам. Дејствува превентивно на хипертензија, го намалува крвниот притисок и помага во намалување на ризикот од мозочен удар. Има значително количество на витамин К, кој е одговорен за одржување на здрави коски бидејќи го регулира калциумот во коските, па затоа се препорачува и за остеопороза. Во народната медицина се користи со векови, бидејќи ова овошје содржи моќни материи кои го спречуваат создавањето на тумори! Ја подобрува работата на дигестивниот тракт. Без разлика дали се јадат свежи или се пие сок, рибизлите имаат одлично лаксативно дејство. Доколку се консумира само неколку дена по ред, проблемот со опстипација исчезнува. Листовите се исто така широко користени, помагајќи за лекување на црниот дроб и крвните садови. Освен тоа, чајот од листовите помага при висок крвен притисок и воспаление на мочниот меур. За медицински цели, коренот на црвената рибизла се користи и како лек против воспаление на бубрезите. Го изедначува тенот на кожата и го намалува воспалението. Составот на црвената рибизла помага да се намали воспалението, па затоа се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со акни и други кожни болести. Го зајакнува имунитетот до максимум. Изобилството на витамин Ц ја прави црвената рибизла моќен сојузник за силен имунитет. Само една шака на ден ќе обезбеди доволно енергија и максимално ќе го зајакне имунолошкиот систем. Црните рибизли се многу моќни, тие содржат многу природен пигмент антоцијанин, кој им дава боја на рибизлите. Антоцијанинот се смета за еден од најмоќните природни антиоксиданти. Богати се и со танини, поради што се ефикасни во лекувањето на дијареата. Освен танини, содржи и бројни други горчливи материи кои исклучително поволно делуваат на здравјето. Истражувањата покажале дека црната рибизла го потиснува растот на клетките на туморот во телото. Јадете рибизли.