Search for content, post, videos

Седум билки за лекување на дијабетис

Дијабетисот се повеќе зема замав. Прво е забележан во стара Грција, а денес дијабетисот е една од најраспространетите болести во светот. Бројот на заболени од оваа болест во последните десет години е двапати зголемен. Се претпоставува дека во идните дваесет години дијабетисот ќе добие размери на вистинска епидемија. Со правилен начин на живот и исхрана можете да му кажете НЕ на дијабетисот.

Седум билки кои успешно се борат против дојабетисот

Боровница – Еден од најдобрите лекови против дијабетисот е боровницата. Истражувањата покажале дека листовите од ова ратсение го намалува нивото на шеќерот во крвта. 2-3 шаки од листови на боровница варете ги пола час во пола литар вода. Пијте од овој чај цел ден.

Сребрена свила (Gymnema sylvestre) – е индиско растение кое се користи илјадници години во зачувувањето на здравјето на луѓето. Главна состојка на ова растение е гимнемичната киселина, која ја спречува хипергликемијата – превисокото ниво на шеќер во крвта. На јазикот на Хиндите ова растение се нарекува gurmar што значи некој што уништува шеќер. Се покажало дека ова растение ги обновува бета станиците(клетките) во слезината и делува како инсулинотропик го регулира создавањето на инсулин во крвта. Според направените истражувања 400 мг од сребрената свила дневмо помага во намалување на шеќерот.

Лобода – Artiplex – израелските истражувања покажале дека ова растение artiplex (salt brush) кај нас познато како Лобода помага кај дијабетисот од тип 2. Препорачана доза е 3 гр. лобода дневно.

Гинко билбоа –  гинкотот се покажало многу добро во лекување на симптомите на дијабетис. Гинкотот го зголемува дотокот на крв во очите и екстремитетите и се користи за спречување на дијабетската ретинопатија. Активната состојка во гинкотот се вика флавогликоѕис, а препорачана доза е 50-80 мг. три пати на ден.

Црн кумин -Ким (nigella sativa) е познат и како “лек за сите болести, освен смрт“. Црниот ким поседува волшебни лековити својства и се користи за многу болести од алергија до рак на слезината. Најновите истажувања покажуваат дека црниот ким помага и кај дијабетисот. Препорачана доза е 1 чајна лажичка масло од црн ким три пати дневно.

Листови од смоква – одамна е познато дека листовите на мсоквата имаат големи лековити своства. Лекуваат бронхитис, брадавици, цироза на слезината, висок притисок, кожни проблеми и чиреви. Новитет е дека листовите на смоквата исто така добро делуваат и на дијабетисот. Обично се користи сок од смокви, кој се зема веднаш по станувањето наутро пред доручек. Можете и да ги сварите смоквините листови во вода и да го пиете чајот. Многу е здрав.

Цимет – според истражувањата циметот помага во намалувањето на шеќерот и холестеролот во крвта. Во истражувањата пациентите земале по 6 гр. цимет секој ден точно четириесет дена, а својон начин на исхрана не го менувале. На крај на истражувањето нивото на шеќерот паднала за 30%. Можете циметот да го додавате во сите јадења, да го јадете заеднос о мед или да направите чај. Чајна лажица од цимет прелијате ја со врела вода и оставете да отстои 5 минути. Процедете, засладете со мед и пијте.

Силвана