Search for content, post, videos

Смоквин лист – подарок од БОГ

Искористете го листот од смоква за лекување на целото тело. Лечи чир на желудникот, бронхитис, кожни болести. Листовите од смокви се особено препорачливи за проблеми со уринарниот и дигестивниот тракт. Нивното консумирање помага да се намали високиот крвен притисок и нивото на триглицериди во крвта, а со тоа обезбедува дополнителна заштита на срцето и крвните садови. Здравствени придобивки од листовите смоква се големи. Помага при слабеење, го стабилизира крвниот притисок, ги намалува триглицеридите, ги зајакнува коските, помага при кожни болести, помага при анемија, ублажува чир на желудникот, го подобрува здравјето на срцето и крвните садови, помага при рак, за заздравување на рани. Можете да користите зелени и црни листови од смокви, тие се подеднакво лековити. Освен што од нив правите чај, можете да ги џвакате и листовите, што е одлично за чир на желудникот. Сушење на листовите: Кон крајот на пролетта распоредете ги листовите по површината каде што ќе ги сушите. Ссушете ги на сенка, на темно и место каде има провев. Може да забележите дека листовите се суви по тоа што тие ќе се збрчкаат и се кршат под вашите прсти кога ќе ги допрете. За да се исушат побрзо, можете малку да ги искинете пред да се исушат. Кога ќе се исушат, издробете ги и оставете ги во стаклена тегла со капак.

Чај од лист од смоква: За здравствени цели, се препорачува секој ден да се пие чај од смоква лист околу еден месец, а потоа да се направи пауза неколку недели за да може повторното консумирање да го има истото силно лековито дејство.

Помош при дијабетес: 2 лажички суви листови смоква прелијте ги со шолја (200 ml) врела вода. Покријте и оставете го да отстои 10-15 минути. Потоа процедете. Пијте по една шолја од овој чај секое утро со појадок.  Секој ден добро џвакајте 2 нежни листови смоква и голтајте ги. Освен што ќе ви помогне при чир, ќе ви го освежи здивот и ќе ги ублажи непријатните рани. Овој чај помага при чир на желудникот и афти во усната шуплина.

Помош при бронхитис: Сварете 3 листови смоква во вода со малку кафеав шеќер и испијте. Освен за дијабетес, чиреви, рани и бронхитис, чајот се препорачува и за подобро здравје на срцето, намалување на крвниот притисок и како помошно средство за лекување на анемија.