Search for content, post, videos

Смути со манго и авокадо за тен од соништата

Густите сокови, сега популарно наречени смути направени од манго, авокадо и други вкусни состојки се вистински сојузник на вашата природна убавина. Изобилството на витамини (А, Ц, Е) ќе ви овозможат почист црн дроб, подобро варење, калиумот и влакната ќе помогнат во регулирањето на крвниот притисок и холестеролот, додека колагенот ќе се грижи за вашата кожа, коса и нокти. Ова смути можете да го направите како вкусен нектар за убавина за вашиот прв утрински пијалок, а може да ви послужи и во текот на денот како здрава ужина. Ако додадете чиа или ленено семе во него, добивате вкусна вечера.

Состојки:  300 гр  свеж сок од портокал, 100 гр.  вода, 1 авокадо,  ½ лажичка рендана кора од лимета, 1 манго. Измешајте ги сите состојки во блендер додека не добиете еднолична, кремаста смеса. Уживајте во вкусниот нектар за убавина!

С.Ј.