Search for content, post, videos

Со коприва против сезонски алергии

Пролетта е време кога многумина ги мачат алергиите на полен. Но, како што природата сè одлично средила, време е и кога се берат младите коприви. Дали знаете дека ова растение може да ве спаси од алергија на полен? Бидејќи има силно антиинфламаторно дејство и е моќен природен антихистамин, моментално ги ублажува сите непријатни симптоми на алергии, како што се: кивање, рчењето, синузитис,   течење на нос, чешање на очите, оток на телото. Освен тоа, копривата е одличен природен лек за детоксикација на организмот, а може да помогне и при анемија, акни и дијабетес. Нејзините придобивки се навистина фантастични.

Копривата, меѓу другото, содржи витамини А, Б1, Б2, Б8, К, Ц и Е, многу антиоксиданси, каротеноиди, хлорофил, флавоноиди и танини. Богата е и со минерали како што се калциум, магнезиум, манган, железо, цинк, бакар и хром. Јадете ја и варена и сигурно ќе го зајакнете имунитетот и ќе го снабдите организмот со се што му е потребно за борба против алергиите. Многу брзо по консумирањето на копривата, резултатите се веднаш видливи. Копривата се покажа како најдобар сојузник за доброто здравје.

Супа од коприва – одлично (и вкусно) решение против алергии – Богатата супа од коприва се покажала како особено лековита. За супа, берете свежи млади коприви, кои не процветале и задолжително берете ги со ракавици. Но, ако немате свежи коприви, можете да користите и суви коприви. Навистина не треба да се плашите дека варените коприви ќе ви го ошетат грлото – оваа вкусна супа има речиси свиленкаста текстура, а и на децата ќе им се допадне.

Состојки за супа:     900 мл супа од зеленчук, 1 голем црвен кромид, ситно сецкан,  3 чешниња лук – ситно сецкани, 2 лажици масло по ваш избор (на пример, маслиново), 4 чаши листови од коприва, измиени, малку хималајска сол и бибер. За погуста супа (по избор): ¾ чаши кисела павлака, 2 лажици брашно од тапиока,

Подготовка: Загрејте го густинот во поголемо тенџере. Во меѓувреме во тава со малку масло издинстајте ги кромидот и лукот. Кога густинот ќе почне лесно да се вари, додадете го пржениот кромид и лук и листовите од коприва кои претходно добро сте ги измиле. Нежно мешајте ја супата околу 2 минути, а потоа исклучете. Оставете ја супата да отстои малку пред да ја послужите. Додадете малку сол и бибер. Ако сакате малку погуста супа, измешајте го кремот со брашно од тапиока и малку изматете со жица за да се распаднат сите грутки. Потоа повторно загрејте ја супата и додадете ја оваа смеса во неа. Придобивките се навистина големи.

819565552

Чај – Инфузија од коприва – поинтензивен суперздрав чајИнфузијата всушност е малку поинтензивен чај. За да го подготвите, истурете еден литар вода во тенџере и додадете 3-4 чаши собрана коприва (може да користите листови и стебла од копривата). Оставете да зоврие, а потоа исклучете, поклопете и оставете да отстои преку ноќ или 24 часа. Процедете следниот ден. Ќе добиете вистинска, богата инфузија, која е исклучително здрава и помага при алергии. Разликата помеѓу чајот и инфузијата е во тоа што во чајот се става помала количина коприва и чајот обично се остава да отстои околу 10 минути, додека инфузијата се остава преку ноќ или дури 24 часа. На овој начин пијалокот станува уште помоќен и лековит. По желба, во инфузијата од коприва додадете малку свежо исцеден сок од портокал и малку природен засладувач како мед. Ова е супер здрав напиток и за вашите деца. За спречување на алергии, инфузијата пијте ја превентивно наутро и попладне, а при првите симптоми на алергија можете да ја земате три пати на ден, по една чаша. Оваа инфузија можете да ја чувате во фрижидер или замрзнувач и да ја користите следната недела.

Уживајте во благодетите од копривата.

Силвана Јованчева