Search for content, post, videos

ТИКВА – доза на имунитет и виталност

Октомври дефинитивно е месец на тиквата! Тиквата е уникатно клубенесто овошје. Во плодот на тиквата (кој може да достигне гигантски димензии од 60 и повеќе килограми) има шеќер, целулоза, калциумови соли, калиум, магнезиум, железо, витамини Ц, Б, Б2, ПП и провитамин А. Семето од тиквата содржи 22 до 41 проценти масло, но и смолести материи и органски киселини. Маслото добиено од семето на тиквата, по својот квалитет не заостанува од другите растителни масла, а за разлика од путерот, не е штетно за луѓе на средни и поодмиати години. Во народната медицина, семето од тиква се користи како средство за регултирање на мокрењето и против цревни паразити. Тоа е богато со неколку есенцијални аминокиселини и цинк, но содржи и минерали, железо, проетеини и растителни влакна. Интензивно портокаловата боја на месото на тиквата кажува дека таа е полна со важниот антиоксиданс, бета каротин. Месниот дел од плодот на тиквата, изобилува со бета каротен и витамин Е – силни антиоксиданси, важни за превенција и борба против ракот. Благодарение на целулозата тиквата поседува и пургативно својство, односно способност за прочистување на организмот од одпадните материи. Тиквата е добар лаксатив, кој ги лечи воспалителните процеси на цревата и го спречува ракот. Исто така тиквата се препорачува и за лечење на акните.

Богатството од природно избалансираните витамини и минерали во тиквата, придонесуваат за зајакнување на отпорноста на телото и поголема ментална свежина и виталност.
Семките од тиква содржат околу 30% незаситени масла и богати се со железо, цинк, фосфор и селен.
Најважното лековито дејство на маслото од семки на тиква е подобрување на функцијата на простатната жлезда. СЕ препорачува да се користи како нерафинирано масло за салата, и да биде често присутно во исхраната на мажите. Треба да се знае и тоа дека тиквата, поради големата содржина на вода, е одлична како меѓуоброк, бидејќи на тој начин организмот добива храна и доволно количевство вода, но малку маснотии. Тиквата   е  лесно  сварлива и  е  идеална  храна  за  луѓето  со  чувствителен  желудник и  црева. Особено  се  препорачува за  луѓето  со „ загрозена“ линија –  подготвена  како  вариво, сама или  во комбинација  со  друг  зеленчук таа  е драгоцено, но  калорично  „ безопасно“  јадење. Треба да се знае и тоа дека тиквата, поради големата содржина на вода, е одлична како меѓуоброк, бидејќи на тој начин организмот добива храна и доволно количевство вода, но малку маснотии. Ставот дека тиквата претставува тежок оброк кој дебелее, е сосема погрешен. Наша вина е тоа што со тиквата консумираме и разни додатоци како јајца, џемови и слично. За подобар вкус, при печењето на тиквата најдобро е да додадете некои зачини како цимет, а исто така, може и да ги прелиете парчињата тиква со маџун. На тој начин ќе добиете здрав и вкусен деликатес.

Пире од тиква и јаболка – Потребни состојки: една тиква, пола килограм јаболка, 2 лажички рендана кора од лимон, четвртина путер, една лажичка сол и пола лажичка бибер, како и малку сушена брусница (за декорација). Јаболките и тиквата се печат во рерна на 200 степени околу 40 минути, додека не омекнат. Оставете да се оладат и заедно со сите други состојки изблендирајте, ставете го подготвеното пире во сад и посипете одозгора со брусница. Уживајте во пирето.

 

Пикантна супа од тиква – Потребни состојки: една чаша варена тиква, еден морков, пашканат, едно чешне рендан лук, малку лута пиперка, пола лажичка ѓумбир во прав, главица сецкан кромид, сол, бибер и 50 гр. семки од тиква. Прво пропржете ги кромидот, лукот и морковот, па потоа додадете ги сите други состојки и посипете со вода. Варете на тивок оган околу половина час. Потоа сервирајте и уживајте во вкусот на супата од тиква.

Силвана Јованчева