Search for content, post, videos

За заштита и ревитализација на слезината

Слезината во човековиот организам е посебен орган кој и да е оштетен дури и до 50%, може повторно потполно да се обнови. Механизмот на обновувањето на слезината се уште не е разјаснет во целост, меѓутоа јасно е дека таа нејзина способност е клучна за нашето здравје. Слезината е најважниот метаболички орган во телото на човекот. Меѓу останатите задачи и функции кои ги врши, таа ја има улогата на прочистувач на крвта од токсините и разните други отрови кои се внесуваат во организмот.
Денешниот свет е многу поинаков од светот во кој некогаш се живеело. Уште пред стотина години, сите непознати работи со кои се сретнувал човекот доаѓале од природниот и растителен свет и тоа го внесувал во својот организам. Денес, во нашето модерно време на живеење се создадоа илјадници нови хемиски смеси кои инаку не постојат во природата и сета таа хемија е дел од нашата секојдневна исхрана која ние ја внесуваме преку конзервансите, боите и различните ароми. Другите хемиски и вештачки материи ги внесуваме преку лекарствата, кои многумина од нас секојдневно ги користат. Хемијата се користи и во козметиката, во средствата за чистење, текстилната индустрија, насекаде. Сите тие хемикалии навлегуваат во нашиот организам и секојдневно поминуваат низ слезината, која мора да го носи и да се справи со целиот овој товар. Во поголемиот број случаи слезината успева да прочисти голем дел од токсините во крвта. Меѓутоа постојат ситуации кога слезината навистина е преоптоварена и кога и треба помош. Тоа се случаи при заболување на самата слезина, кога има труење, кај прекумерното земање лекарства, прекумерно конзумирање алкохол, како и кај неправилната исхрана за подолг временски период. За среќа, природата ни дава најразлични растенија кои луѓето отсекогаш ги познавале и користеле за заштита и обновување на слезината.
Лековити билки за обновување на слезината
– Ехинацеа – млечниче – досега ова растение дава најдобри резултати во превенција и лекување на оШтетувањата на слезината, чија главна активна состојка е силимарин. Силимарин е комплекс на различни супстанци од групите на силибин А и Б, изо-силибини, силикристини, флавоноиди, и сите заедно во тој состав придонесуваат во регенерација на слезината и нејзина заштита. Спроведени се истражувања со една од поотровните печурки која предизвикува опасно оштетување на слезината и толку е отровна што во 30% случаи завршува со смрт кај затруените. Во истражувањето бил даван силимарин, пред конзумирањето на оваа печурка и 10 минути по конзумирањето. Употребата на сикавицата имала 100% учество во заштитата од делувањето на отровот од печурката. Силимаринот е силен антиоксиданс (10 пати посилен од витаминот Е) и го зголемува нивото на глутеинот во слезината за 35%. Глутеинот е одговорен за чистење на слезината од токсините и со зголемувањето на неговото ниво, слезината има поголема моќ да ја прочисти крвта од отровните материи. Затоа конзумирањето на сикавицата има големо заштитно, но и ревитализирачко дејство на слезината. Начини на конзумирање: 70-240 мг сикавица три пати на ден или 140 мг силимарин три пати на ден. Сепак, откриено е и дека телото може со текот на времето да се навикне на поголеми дози на силимарин, па затоа земајте го две седмици, за потоа да направите пауза од две седмици. Потоа може да се зема повторно.
Киселец – јадете киселец! – Ова растение расте во секоја градина и во секој двор. Соберете ги листовите од киселецот, измијте ги убаво и додајте ги во салатите. Преубав вкус ќе им дадат на салатите, а и здравје плус за вас. Киселецот може да се најде и во продавниците за здрава храна во облик на тинктура или капсули. Киселецот е неверојатно корисен во лекувањето на многу болести на слезината, како хепатитис, воспаление на слезината, каменчиња, инсуфициенција, како и жолтица. Киселецот делува како тоник на слезината и ја помага нејзината функција. Начин на употреба:
– 4-8мл свеж сок од корен на киселец, 1-2 чајни лажички дневно
– 2-8мл сув од корен на киселец, еднаш дневно
– 4-8мл екстракт од киселец, еднаш дневно да се разреди во вода или чај

Шеќерен корен (слатко дрвце) – Кинезите го користат ова растение за лекување на слезината уште многу одамна. Со многубројни истражувања кои се направени во САД, утврдено е дека ова растение ги неутрализира токсините во слезината, исто така го зголемува создавањето на интерферон, кој обично се користи за лекување на хепатитис Б. Треба да се зема 7-8 грама корен од ова растение дневно.
Чистење на слезината на природен начин – Нормалното функционирање на слезината е пресудна за одржување на доброто здравје. Неправилното функционирање на овој орган обично е скриен предизвикувач на многу болести. Еден од најчестите причини за неправилната работа на слезината е познатиот камен, потоа се паразитите кои често ја напаѓаат. Да се ослободите од каменчињата е лесно. Постои природен начин на чистење со помош на маслиново масло и сок од грејпфрут. За чистење ќе ви требаат два дена и 4 лажици горчлива сол, 150дл маслиново масло и исцеден сок од грејпфрут. За време на чистење на слезината не земајте никакви лекови, витамини и капсули. Времето е многу важен фактор за успех на прочистуваето, па затоа немојте да доцните или поранувате од 10-15 минути… туку внимавајте на времето. Овој третман е најпрепорачливо да го примените кога имате 2 слободни дена.

Наутро – појадувајте безмастен појадок како овошје, житарки, леб и мед. Немојте да земате ништо што содржи маснотии како путер, сирење, млеко и останатите млечни производи.
Претпладне – изедете безмасен ручек печен или варен компир и овошје, значи ништо мрсно. Напијте се вода во поголема количина бидејќи до 14 часот не можете да пиете вода.
14 часот – измешајте 4 лажици горчлива сол со 6 дл вода и поделете на 4 дела
16 часот – испијте четвртина од горчливата сол
20 часот испијте уште една четрвтина од горчливата сол
21.30 подгответе го маслиновото масло и грејпфрутот
21.45 исцедете 2 грејпфрута, додајте половина мала чаша маслиново масло и смесата затворете ја во сад со капак. Убаво затворете го садот и промешајте додека смесата не стане проѕирна.
22.00 во рок од 5 минути испијте го подготвениот сок, стоејќи (постарите луѓе и оние со мала тежина може да го испијат сокот и во рок од 15 минути). Откако ќе го испиете веднаш легнете си, препорачливо е да лежите рамно на грб со крената глава на перница. Бидете мирни во првите 20 минути. Нема да почувствувате никаква болка благодарение на горчливата сол која помага каналите да се отворат. Потоа обидете се да заспиете и по можност лежете на левата страна. Немојте да станувате се до наутро.
Следнотото утро по 06 часот испијте ја третата доза од горчливата сол и вратете се во кревет.
2 часа подоцна испијте ја последната доза од солта и повторно легнете.
2 часа подоцна можете да јадете меѓутоа почнете со овошен сок. Половина час подоцна изедете едно овошје, еден час потоа можете да јадете лесна храна и до вечерта треба да се чувствувате многу подобро. Ваквото чистење на слезината е сигурно и здраво. Илјадници луѓе низ светот го употребуваат овој метод, бидејќи на тој начин се ослободуваат од отровните материи што се насобрани во слезината, но и да се излекуваат од болести како алергии, психички заболувања, проблеми со срцето, канцерот, артритис, хепатит, дијабет и други болести.
Силвана Јованчева