Search for content, post, videos

Зелка – една од најстарите намирници

Зелката е една од најстарите намирници и првиот зеленчук што ни паѓа на памет кога ќе помислиме на јадењата на нашите баби. Без разлика дали е црвена или зелена зелка, таа е богат извор на многу хранливи материи и минерали, од витамин Ц, до калциум, фосфор и железо, па сè до витамините Е, К и Б групата. Зелка е навистина „паметна глава“. Нискокалоричниот суперхранлив зеленчук е единствена комбинација на витамини А, Б, Ц, Е и К, омега-3 масни киселини и лековити сулфурни супстанции кои штитат од рак. Вистински благодет за имунитетот и варењето на храната, позната е и како зеленчук против стрес. Лековитите својства на зелката, свежата и кисела, која е традиционален локален деликатес во нашите краишта во студените денови, се познати со илјадници години. Одлично оди со гриз, колбаси, грав, а незаменлива е и при подготовката на сарма. Уште од античко време зелката се користи за лекување на разни болести. Покрај тоа, зелката е нискокалоричен зеленчук кој се состои од омега-3 масни киселини и лековити сулфурни супстанции кои штитат од рак. Поради малиот број на калории, таа е идеално решение за оние кои сакаат да ослабат. Поради високата содржина на витамин К, како и антоцијани, зелката може да ги подобри менталните функции и концентрацијата. Овие супстанции исто така го спречуваат уништувањето на нервите и ја зајакнуваат одбраната од Алцхајмерова болест и деменција. Поради витаминот Ц и сулфурот, консумирањето зелка помага во детоксикација, особено од слободните радикали и урична киселина. Овие токсини се една од главните причини за артритис, ревматизам и кожни болести. Најдобро е зелката да се јаде сирова или кратко варена. Суровата зелка, ако често се јаде, помага при анемија, несоница, депресија и анксиозност. Зелката е одлична за пролетна детоксикација. Готвена, таа е и една од најдобрите лекови против нервната напнатост, анксиозност, слабост и слаба концентрација. Зелката е богата со антиканцерогеното соединение синигрин, кое има уникатни својства против ракот на простата, дебелото црево и мочниот меур. Таа е и одлично антиинфламаторно средство, па помага при воспалителни болести како артритис и ревматизам. Сокот од зелка помешан со мед е ефикасен за белодробни заболувања. Ги чисти дишните патишта, помага при астма и бронхитис. Се препорачува да се прави гаргара со сок од зелка за болки во грлото. Дури 92% од зелката е вода, па не е чудно што овој зеленчук се смета за диетална храна. Со само дваесет калории на сто грама, често се препорачува за луѓе кои се на диета. Со оглед на тоа дека има и висок процент на целулоза, го поттикнува варењето и ја намалува надуеноста. Овој тревни зеленчук има силни антиинфламаторни својства, а облогите од зелка често се препорачуваат за разни видови болести на кожата. Зелката вади гној од раните и ги дезинфицира, ги смирува изгорениците, егземите и акните, ги ублажува отоците и смрзнатите, како и мигрената. Згора на се, ја ублажува депресијата и анксиозноста, ја подобрува концентрацијата, а некои студии тврдат дека делува и превентивно против ракот. Јадете зелка и ќе немате здравствени грижи.   – С.Ј.