Search for content, post, videos

Жалфија – лек за многу проблеми

Жалфијата е едно од најстарите лековити растенија. Приказната за жалфијата ќе ја започнеме со една стара латинска поговорка „Зошто човек да умре, кога жалфија расте во неговата градина“. Ова можеби најдобро ни кажува за важноста на жалфијата и колку долго е познат и препознаен како исклучителен лек за многу болести. Познато е дека Карло Велики ја издвоил жалфија меѓу сите лековити билки. Тој дури издал декрет со кој наредил лековите билки посебно жалфијата да мора да се одгледуваат на сите државни имоти. Од стотици различни растенија, жалфија била на прво место. Жалфијата е посебно растение, добра е во борбата против инфекции на грлото и дишните патишта, но и за разни инфекции во устата. Одличен лек е за стомачни проблеми и проблеми со цревата. Жалфијата помага при високи телесни температури, болки во телото и трески кои се јавуваат пред настинка. Научно е докажано дека заедно со циметот убива голем број бактерии, дури и оние кои се отпорни на антибиотици. Делува против воспаленија и се препорачува за сите воспаленија – од воспаление на грлото, преку внатрешните органи, па се до мочниот меур.

Вино за зајакнување на организмот – Во еден литар квалитетно црвено вино ставете 100 гр сечкани листови жалфија. Оставете да отстои на сонце две недели со повремено мешање. Процедете и пијте по една чаша после секој оброк.

Ракија од жалфија: 250 грама листови жалфија треба да се натопат во 1,5 литри чиста домашна ракија. Оставете да отстои 3 недели, па процедете и додадете 1,5 килограм багремов мед. Сипете во стаклени шишиња и оставете да отстои уште 3 недели. Повремено мешајте и пијте по една мала лажичка еднаш дневно. Имајте предвид дека ова е исклучително здрав и добар рецепт за целото семејство.

Тинктура за превенција од болести: Во 1 децилитар 70%  алкохол, ставете 20 грама ситни листови жалфија. Оставете да отстои на топло еден месец. Ставете околу 15 капки во малку вода и пијте 3 пати на ден. Децата и бремените жени не треба да ја користат оваа тинктура.

Жалфија и цимет против бронхитис: Научно е докажано дека циметот убива голем број бактерии, дури и оние кои се отпорни на антибиотици. Само една лажичка цимет убива дури 99,5% од бактериите за само три дена. Растопете две лажици шеќер и прелијте со половина литар млеко. Кога ќе зоврие тргнете го од оган и додадете една лажичка ситна жалфија и половина лажичка цимет во прав. Оставете да отстои десет минути и процедете и пијте три пати на ден.

Лек од жалфија: 100 гр шеќер, 1 литар ракија, 150 гр цветови од жалфија. Во поголема тегла или шише ставете цветови од жалфија и додадете шеќер и ракија. Оставете го шишето на сонце шест недели, повремено тресејќи се. Го смирува желудникот. Ја чисти крвта и целиот организам, помага при кожни болести, депресија, нервоза, чиреви.

Жалфијата е способна и да го регулира потењето, односно да го доведе на вистинското ниво. Кога ќе се потите од слабост после прележан грип или пневмонија, жалфија го решава овој проблем за неколку дена. Делува стимулирачки и го подига имунитетот. Лечи ревматизам и во модерна смисла е антибиотик со широк спектар. За периоди на пубертет и менопауза, ова е најдоброто растение за избор, бидејќи е нежен и ефикасен хормонски регулатор. Жалфијата е одличен лек за чистење на црниот дроб, болести на бубрезите и ноќно потење. Добро е да се берат свежи листови жалфија и да се џвакаат во уста, со тоа забите и непцата ќе бидат поздрави и поцврсти. Листовите се берат пред цветање, во април и по цветањето, во јуни, а цветот во мај и јуни. Цветовите и листовите исушете ги на топло и проветрено место. Жалфијата има малку горчлив вкус поради танините и горчливите материи, кои се и лековити, како што се калиумот, калциумот, натриумот. Листовите од жалфија имаат антибактериско, фунгицидно, антивирусно дејство, го поттикнуваат гастричното лачење и го намалуваат потењето.

Кога не треба да се користи жалфија – Жалфијата не треба да ја користат бремени жени, доилки и лица со епилепсија. Несакани ефекти – Иако жалфија е природен лек, понекогаш може да предизвика несакани ефекти како што се: гадење; повраќање; вртоглавица. Чајот од жалфија не треба да се пие повеќе од две недели бидејќи постои можност поради присуството на тујонот да дојде до токсични ефекти.

Конзумирајте ја умерено жалфијата за здрав организам.

С.Ј.