Search for content, post, videos

Здрава исхрана – Житарки

Житарки… Дали добро ги познаваме? Интегралните житарки се многу здрави, затоа ставете ги во вашето секојдневно мени и ранете се здраво и вкусно.

Зоб – Во денешно време зобот се користи пред се за исхрана на добитокот, но во минатото имала големо значење во исхраната на луѓето. Кинезите знаеле за оваа житарка уште многу поодамна, а ја користеле и старите Римјани и други народи во античкото време. Денес оваа житарка во големи количини се користи во Русија, Шкотска и Ирска. Познатиот пориџ (каша) се подготвува од зоб готвен на ниска температура. Зобот е една од најхранливите житарки.

Нејзината калорична вредност е 400 калории на 100 грама. Оваа житарка е богата со протеини, масти и растителни влакна. Содржи голема количина на минерали (калциум, железо, фосфор, магнезиум) и витамини од групата Б. Зобот го јакнее организмот, го зголемува создавањето на телесната маса, го регулира метаболизмот и помага кај анксиозност и депресија.Во зрното од зобот е присатен хормонот за раст со голема количина на калциум. Поради тоа оваа житарка е идеална храна за младите и децата во фаза на растење и развој, како и за трудниците. Зобот се користи во многуте препарати за нега на телото. Ја чисти кожата, ја омекнува, хидрита, смирува и ја штити кожата.

Теф е ситна житарка од африканско потекло, чии лековити својства воопшто не одговараат на нејзината големина. Теф најмногу расте во Етиопија, каде од неа се прави нивниот традиционален леб без квасец, познат како ињера. Инаку, теф е мала житарка со големи бенефити по здравјето на човекот. Многу нутриционисти тврдат дека е совршена доколку сакате да ја подобрите својата исхрана и да му обезбедите на организмот совршена комбинација од нутритиенти. Покрај тоа што е една од ретките житарки која не содржи глутен, таа е богата со железо и е многу вкусна. Теф е минијатурна житарка која содржи повеќе калциум и железо од другите житарки, осум есенцијални аминокиселини и е одличен извор на протеини. Од брашното на тефот се прави познатиот леб ињера во Етиопија, кој е основниот прехрамбен продукт. Исто така може да се направи и каша, а браѓното може да се додава во многу други пецива.

Пченка – Навистина пченката е волшебна. Расте брзо и нејзините зрна се јадат уште пред  убаво да созреат. Расте самостојно, нејзиното одгледување не бара премногу труд. Пченката потекнува од Јужна Америка, каде што ја сметаат за Божествено растение. Содржи јагено хидрати, протеини, незаситени масти, витамини и минерали, како железо, фосфор, магнезиум и калиум. Пченката има диуретички, хранливи и закрепнувачки својства.

Ја поттикнува работата на слезенката и бубрезите, активно делува на тироидната жлезда и ја успорува нејзината работа. Се препорачува во случај на нервоза и раздразливост. Го јакнее срцето, крвниот систем, мускулите и коските. Пченката може да се вари или пече. Од пченкарното брашно се прави палента, тестенини, леб и колачи. Можете да ја консумирате во облик на пуканки или снегулки, кои се одлични за добар доручек. Пуканките се едно од најдобрите и најздравите грицкалки.

Ржта традиционално се смета за сиромашна намирница, но не е така. Ржта е намирница со значајни нутритивни својства, содржи јаглено хидрати, протеини, минерали (железо, фосфор, калјциум), потоа витамини Б и Е. Богата е многу со растителни влакна и лизин. Оваа житарка го чисти организмот, делува закрепнувачки, ги спречува болестите на цревата и склероза, ја поттикнува циркулацијата и го успорува стареењето на крвните садови. Ржта е посебно добра за лица изложени на интелектуален стрес, трудници, доилки и постари лица. Можете да ја користите во облик на цело зрно, но често се употребува и нејзиното брашно. Пропржена или мелена, зрната на ржта можат да бидат замена за кафето. Може да се користи и како ржени снегулки, кои се одличен доручек, за подготвување на мусли или како додаток на кремови и супи.

Хељда – Елда – Иако не припаѓа на фамилијата на житарки, хељдата  -(Елда) по составот и начинот на употреба е слиќна на житарките. Потеклото и е од Азија, а денес ова растение најмногу е одгледува на подрачјето на Русија.  Хељдата (Елда) е многу избалансирана намирница. Многу е богата со протеини, потоа содржи витамини Б, Е и П, минерали (каклциум, железо, фосфор, магензиум, бакар), како и есенцијални аминокиселини (лизин и триптофан). Хељдата го јакнее организмот и ја зголемува телесната топлина, поради што е многу добра за употреба во зимскиот период. Поради ова закрепнувачко својство делувањето на хељдата  -(Елда) им се препорачува на спортистите, трудниците, како и на младите во развој. Таа го чисти организмот, ги штити крвните садови и бубрезите. Од пропржените зрна на хељдата  -(Елда) во Русија подготвуваат одлична каша. Начинот на подготввање е сличен како и кај подготвувањето на ориз. Од мешавина на брашно од хељдата  -(Елда) и пченка се подготвува вкусен леб.

Сирак или соргхум е житарка која се користи за исхрана на луѓе, но и на добитокот. Неговото потекло е од Африка, а денес оваа житарка е популарна во Индија и Кина. Сиракот е богат со железо, калиум и фосфор. Од витамините ги содржи тиамин и ниацин и е одличен извор на протеини и растителни влакна и не содржи глутен. Многу е добар во превенција на болести на срцето, дијабетот, артритис, алергии и прекумерна тежина. Од сиракот мое да се направи каша, неговото брашно се користи за леб и слатки. Со мало количество на масло,  можете да подготвите експадниран сирак – здрава закуска слична на пуканките.

Ориз – Оризот, после пченицата е втората најпопуларна житарка во нашата иахрана. На истокот оризот е доминантно растение и покрива дури 80% од исхраната на азиските народи. Кознумирањето на интергарлниот ориз му ги осигурува на организмот неопходните јагено хидрати, протеини, витамини (посебно витамините од групата Б), минерали (калциум, железо, фосфор), како и ензими. Оваа житарка има антиалергиско дејство и бидејки не содржи глутен, многу лесно се вари во организмот. Оризот благопријатно делува кај хипертензија, колитис и желудечни тегоби. Може да го користат и дијбетичари, бидејки скробот од оризот при варењето се претвора во декстроза, а не во гликоза. Освен во зрно, оризот се користи и во облика на оризови снегулки и брашно. Снегулките кои се добиваат со гмечење на зрната од оризот, може да се користат за лесен и здрав доручек. Интегралното оризово брашно, можете да го употребувате за подготовка на леб и слатки.

Пченицата е најчесто користена житарка во начата исхрана. Ова а житарка првобитно била одгледувана во Азија и АФрика, а се претпоставува дека е стара повеќе од 17.000 години. Постојат два вида на пченица: мека и трвда (дурум пченица). Меката пченица се користи за подготовка на леб, пецива, колачи, додека тврдата за подготвување на тестенини. Пченицата има неверојатни нутритивни својства. Оваа житарка содржи се што ни е потребно за живот – протеини, масти, јагено хидрати, витамини, минерали и ензими. Ако јадете само пченица, не само што ќе преживеете, туку ќе бидете и здрави, под услов да ја користите во интегрален облик.

Во повеќето случаеви во готвењето најмногу користиме инегрален ориз и пченично брашно. Но, на полиците во продавниците за здрава храна стојат многу видови на житарици, на кои забораваме или за кои ништо не знаеме и затоа ги избегнуваме. Дознајте повеќе за интеграните житарки и нивните лековити својства. Почнете да готвите разновидно, вкусно и здраво.

Силвана Јованчева