Search for content, post, videos

Зелени тестенини со морски плодови

Подготовка:
Излупете ги доматите, извадете ги семките и исечкајте ги на коцкички. На три лажици маслиново масло препржете го исечканиот кромид, додајте ги доматите, па исечканиот лук и пржете уште 15 минути. Додајте ги виното, вегетата, магдоносот и босилокот и пржете уште 5 минути. Во друга тава, во останатото масло, испржете ги шкампите, додајде ги ракчињата, коњакот, малку сол, а потоа посипете го со сосот од домати.
Зелените тестенини сварете ги во малку посолена вода, исцедете ги и додека се жешки, измешајте ги со сосот. Послужете ги топли.

Потребно:
300гр зелени тестенини
Сол
1 лажица сечкан магдонос
1 лажица сечкан босилок
50мл маслиново масло
100гр кромид
2 главици лук
3-4 лажици коњак
50-100мл бело вино
1кг зрели домати
100гр шкампи
300гр чисти ракчиња
1 лажица вегета