Search for content, post, videos

Зелени тестенини со печурки и сув врат

Зелени тестенини со печурки и сув врат

Подготовка:
На загреано масло пропржете го ситно исечканиот кромид, додајте ги печурките исечкани на ливчиња и мешајте додека да омекнат. Потоа додајте го сувиот врат исечкан на тенки ливчиња и павлаката за готвење во која сте ставиле зачинал. Кога ќе проврие, во смесата додајте ги претходно зготвените тестенини и убаво измешајте. Тестенините послужете ги топли.

Потребно:
500гр зелена тестенина
500гр свежи шампињони
100гр сув врат
1 главица кромид
250гр павлака за готвење
2 лажици зачинал