Search for content, post, videos

Зелени тестенини со школки

Подготовка
Зелените тестенини сварете ги во посолена вода и исцедете ги. На маслиново масло пропржете го исечканиот лук, додајте го доматното пире и динстајте околу 10 минути. Садот тргнете го од оган, па додајте ги школките, околу 100мл жешка вода, вегетата и варете го сосот на тивок оган 5-10 минути (додека да се отворат школките). Потоа додајте ги ракчињата и лебните трошки и варете уште околу 5 минути. Во готовата смеса додајте ги виното и биберот, варената тестенина и магдоносот. Послужете го топло, со изрендан пармезан одозгора.

 

Потребно:
300гр зелени тестенини
Бибер
1 лажица вегета
50мл бело вино
20гр лебни трошки
3 чешниња лук
100гр бели ракчиња
250гр доматно пире
50мл маслиново масло
600гр морски школки
1 лажица исечкан магдонос