Search for content, post, videos

Зеленото зачинско задоволство – Коријандер

Коријандерот е еден од најстарите зачини. Потекнува од Мароко, Средна и Јужна Америка. Името доаѓа од старогрчкиот збор корианнон, кој значи различно или грешка во однос на специфичниот мирис на лисјата. Се користи како зачин, поради неговиот специфичен вкус и мирис. Тој има многу позитивни ефекти врз здравјето благодарение на богатството есенцијални масла, протеини, железо, витамин Ц и органски киселини.

Пријател на здравјето…
Сувиот коријандер е природен лек против пролив. Покрај тоа, коријандерот е одличен за ублажување на изгореници бидејќи ја намалува болката и отокот. Ако барате природен лек за ублажување на мачнината, една или две лажички коријандер може да ви помогнат. Листата на корисните ефекти од коријандерот е навистина долга. Еве како можете да си помогнете во одредени ситуации, доволно е само да си го обезбедите во доволни количини во фрижидерот…

 

Коријандерот го чисти телото од отрови и тешки метали. Овој природен чистач на токсините ги врзува отровните материи и тешките метали и ги исфрла од организмот.

Тој е природен лек за анемија бидејќи содржи железо, кое е лесно апсорбливо во крвта. Доколку сте анемична, додајте една лажичка свеж коријандер во супата, салатата или јадењето од зеленчук. Мелениот коријандер можете да го измешате со маслиново масло, сол и да го намачкате на леб. Тоа ќе ви помогне во подобрувањето на крвната слика.

Ги олеснува артритисот и ревмата – цинеолот и линолната киселина кои се присутни во коријандерот делуваат против овие заболувања. Неговите состојки го отстрануваат вишокот течности од организмот и помагаат во подобрување на функцијата на бубрезите.

Коријандерот ги намалува холестеролот и гликозата во вените и артериите – ги стимулира ендокрините жлезди и ја зголемува инсулинската секреција во панкреасот, што предизвикува правилна апсорпција на шеќерот во крвта. Ова негово својство е особено полезно за болните од дијабетес.

Го нормализира варењето на храната – благодарение на посебните етерични масла кои ги содржи, коријандерот помага во правилното излачување на дигестивните сокови и ензими, со што го стимулира варењето на храната. Некои елементи на етеричните масла ја подробруваат работата на слезината и цревата. Исто така, оваа билка помага и при дијареа предизвикана од некои бактерии и габи. Свежите листови на коријандерот го стимулираат апетитот.

 

Олеснувач на менструалните проблеми – тој е стимуланс на ендокрините жлезди и ова негово својство помага при воспоставувањето редовен циклус и ублажувањето на менструалните болки.

Го освежува здивот и ги лекува афтите кои се појавуваат во усната шуплина. Цитронелолот кој се содржи во коријандерот е одличен антисептик.

Го чува здравјето на очите – со помош антиоксидансите кои се содржат во него, ги релаксира мускулите на очите и го забавува процесот на нивното стареење, а воедно заштитува и од конјуктивитис.

Помага кај кожни заболувања – дезинфекциските, детоксикациските, антисептичните и антигабичните својства на ова растение се идеални при лекување кожни болести како егземи, рапава кожа и габични инфекции.

Силвана Јованчева