Search for content, post, videos

Земја како од сказните и чудата Либан

Желбата за патување, за откривање нови светови и традиции е длабоко вкоренета во мислите на луѓето. Јас не сум исклучок. Сакав, и се уште сакам, иако во поодминати години, да бидам дел од непознатото, дел од предизвиците. таков еден предизвик беше патот во Либан.

Либан – земја на крстопат меѓу Европа, Азија и Африка.
Либан, чие име во превод значи “Бела планина”, е земја на контрасти. Можете да се капете во
синилото на Средоземното море, а потоа, само на еден час оттаму, да бидете на планините што и зиме и лете се покриени со снег. Либан – земја што била освојувана повеќе од шеснаесет пати и тоа од Египјаните, Хитите, Асирците, Вавилонците, Персијците, Александар Велики, Римјаните, Византијците, Крстоносците, Отоманската Империја, Британците, Французите, Израелците, Сиријците, но никогаш не била покорена. Повторно и повторно се раЃала, како феникс. Либан – земја на кедровите, како симбол на издржливоста. Се верува дека кедровите дрвја биле засадени од рацете на Господ и затоа ги нарекуваат “Господови кедрови”, а Либан го нарекуваат Земја како од сказните и чудата“Господова престолнина на земјата”. Резерватите на кедрови низ Либан, меѓу кои има дрвја стари и по 2000 години, се посебна гордост и симбол на либанската издржливост и желба да се истрае и да се преживее. Либан е татковината на Феникијците кои го изградиле првиот брод, кои биле првите морепловци и се верува дека први пристигнале и до Америка, многу години пред Колумбо, кои ја создале првата азбука – феникиската, уште во 1300 година п.н.е.
Името Либан се појавува 75 пати во Стариот Завет, а исто толку пати се споменува и кедарот.
Во Либан, Исус Христос го направил првото чудо, во Сидон или Саида, претворајќи ја водата во вино. Денес, на тоа место се гради величествена црква – базилика, која се уште не е довршена, но огромните мозаици што ја красат, како и витражите на прозорците веќе зборуваат за нејзината грандиозност. Тука, во подножјето на базиликата, се наоѓа и пештерата во која престојувале
Богородица и Исус, кога тој ги држел првите проповеди. Либан е единствената земја на тој простор која нема пустина, ама има петнаесет реки што доаѓаат од сопствените извори во планините.
Денес Либан има осумнаесет религиозни заедници, има 40 весници, 42 универзитети, 40 отсто од населението е со христијанска вероисповед (најголем процент во тој дел од светот), има 1 лекар на 10 жители, има сто сопствени банки, а не филијали, три и пол милиони Либанци живеат во Либан, а десет милиони се раштркани низ светот по големата економска криза во минатиот век, како и за време на петнаесетгодишната граѓанска војна (1975-1990).

За Либан слободно можеме да кажеме дека е земја – огромен археолошки локалитет, на кој сите тие, почнувајќи од Феникијците, па редум, оставале свои траги и белези низ вековите, така што денес, едни крај други, можат да се видат остатоци од Римјаните, Византијците, крстоносците…. Во Либан се основала и првата правна школа во времето на владеењето на Римјаните, кога Либан бил нарекуван колонија, и таа била една од трите школи на Империјата.
Либан е земја во која традицијата и модерното одат рака под рака. Неретка е сликата на модерна девојка, облечена во кусо здолниште, да чекори покрај друга покриена со чадор. Џамија и црква, а пред нив остатоци од шестмилениумската историја. Минатото и сегашноста ги ѕидаат столбовите на иднината, кога заедно и во мир треба да живеат маронитите (христијаникатолици),шиитите и сунитите.
Бејрут – главен град на Либан. Бејрут меѓу вчера, денес и утре. Некогаш – Париз на истокот. Бејрут – Париз, Бејрут – урнатина, Бејрут – денес големо градилиште, град што се уште ги лекува видливите рани од големата војна.

Бејрут за прв пат се споменува во еден староегипетски запис од 15 век п.н.е под името Бирута и, оттогаш до денес, тој постојано е населен и пулсира. Зошто човек се вљубува во Бејрут уште при првата средба со него? Тешко е да се одговори – можеби поради Корнишот, прекрасното шеталиште крај Средоземното море, или пак, поради едноставноста и елеганцијата на Плоштадот на парламентот, или можеби поради карпите на гулабите, поради непосредноста и љубезноста
на неговите жители, можеби поради тоа што во Бејрут во секоја улица се вози во двете насоки, иако стојат знаци за еднонасочен сообраќај. Бејрут се сака и поради многубројните цркви, а најстара е онаа посветена на Св. Ѓорѓи, заштитникот на Бејрут, и датира од 1767 година, црква во која се уште се одржуваат литургии, бидејќи е православна. Тука се и многубројните џамии; најстарата датира од 1211 година, кога катедралата на крстоносците, Св. Јован, била претворена во џамија.

Можеби се вљубувате во Бејрут затоа што неговите жители во една реченица ќе ви се обратат на арапски, француски и англиски јазик. Во Бејрут животот се живее 24 часа, од кафуле во кафуле, од ресторан во ресторан, и така се дочекува утрото. Неговите жители уживаат во животот и тоа чувство не можат да го затемнат ниту тенковите што се уште се присутни на улиците, ниту пак војската која се уште стражари во некои делови од градот. Пулсот на градот се чувствува на секој чекор, било да се наоѓате во центарот, или пак во Аштрафи – елитниот дел на Бејрут, било да се ѕирка низ дуќаните на улицата Хамра, или пак, ако се возите со јавниот превоз кој потсетува на автобусите од филмот “Кој тоа таму пее”. Бејрут со сите свои контрасти ви се вовлекува во
секоја пора, во секоја честичка од вашето битие.
Можеби се вљубувате во Бејрут и Либан поради храната што се нуди, а која ја чувствувате толку блиска, чиниш како сега да си јадел во сопствениот дом. Либанската меза – предјадење – е толку богата што честопати се заборава на главното јадење. Сармите од винова лоза, пржениот црн домат, салатата од наут и малиџаното, тригуните, мантиите, изгледаат како тукушто да се подготвени во бабината кујна. А лебот е оној истиот по форма и облик, што го кршеле многу одамна апостолите на Исус – потсетува на нашите лепињи, ама празни.
Имавме можност да го вкусиме и оној од Сидон (Саида), за кој велат дека е најубав во Либан.
Зборувајќи за Либан, неодминливо е да се напомене дека секое патување надвор од Бејрут (па и во самиот Бејрут) е всушност патување низ времето, во историјата. Туристичките агенции нудат такви програми што посетителите често пати се во недоумица каде да се упатат.
Библос – град во кој се наоѓаат остатоци од предисторијата, град чија урбанизација започнува во 3000 година п.н.е, град кој претставувал голем поморски и трговски центар. Се живеело во изобилство и богатство. Како таков, бил честа цел на освојувачите и затоа денес, на исто место, се среќаваат остатоци од хеленистичкиот, римскиот, византискиот, арапскиот период. Крстоносците во 12 век изградиле замок-тврдина која се уште е во одлична состојба. Го граделе со камења од римските остатоци, така што тој период продолжува да живее преку новите градби. Во истиот тој период ја изградиле и црквата Св. Јован, во чист романски стил, на чии цврстина и едноставност се восхитуваме и денес. Се менувале освојувачите, секој оставајќи дел од својата култура, но градот продолжувал да го живее својот живот на истото место.
Денес Библос е мешавина на модерност и традиција. Сукот, наспроти ноќниот живот што посебно го обележува овој град. Се организираат меѓународни музички фестивали, уметнички изведби. Шетајќи низ Библос, всушност, се минува од модерното кон антиката и назад.
Баалбек – првото нешто што посетителот го забележува во Балбек се шесте коринтски столбови – остатоци од големиот храм на Јупитер – кои со своите 22 метри височина се уште гордо се вишнеат кон небото. Кога се стои во нивното подножје, сама од себе се раѓа мисла-Тир 6-те столба од храмот на Јупитер во Балбек – колку мали и ситни се чувствувавме стоејќи покрај нив…
Бејрут
та: како ли е само ова создадено, во едно време без компјутери? Храмот бил изграден за време на владеењето на Нерон. Овој храм на сонцето имал 54 столбови, бил долг 88 метри, а широк 48 метри и бил подигнат 20 метри над земјата. Чија моќ је симболизира: на богот, на Нерон или на градителите? Сепак, моќта на вечноста е најприсутна. Баалбек – долината на боговите е најфасцинантното место на римските храмови со гигантски размери, со највисоки столбови било кога изградени и во него се вградени најголемите камења што биле досега ископани. Во блискиот каменолом е ископан најголемиот камен на светот на сите времиња, со димензии 21,5 х 4,8 х 4,2 метри и се претпоставува дека биле потребни повеќе од 40000 луѓе да го поместат од каменоломот и да го донесат на градилиштето со храмовите. Покрај храмот на Јупитер, тука се и храмовите на Бахус и Венера.
Околу храмот на Венера има остатоци од храм што бил посветен на музите. Денес, овие грандиозни остатоци се користат како природна сценографија за многу музич-косценски претстави. Дури и Пласидо Доминго има одржано концерт во храмот на Бахус. Со еден збор, Баалбек со гордост го носи своето име – Долина на боговите. Аанџар – е мал град основан во 7 век од калифот Валид Ибн. Тука се чувствува арапското влијание. Бил голем трговски центар во внатрешноста на земјата, за што сведочат шестотината продавници од 1940 година. Можеби и тогаш имало по некој Диор, Армани… Покрај продавниците и остатоците од палатите на калифите, откриени се и една џамија и турски бањи – амами.

Сидон

Саидон на феникијски, Саида на арапски јазик.Уште еден од бисерите на Либан – Сидон што процветал како голем центар 12 века пред Христос. Во него триумфално влегла и војската на Александар Велики. Во Сидон престојувал и апостолот Павле и оттаму тргнал за Рим. Караван сарајот од 17 век многу потсетува на нашиот Куршумли Ан. Прошетката низ сукот е многу слична на прошетката низ нашата Турска чаршија. Морскиот замок е изграден од крстоносците во 1228 година врз урнатините на феникискиот храм на Мелкарт. На моменти се чини дека посетителот е окружен со толку многу историја што не може да се забележи се околу него.

Тир

феникискиот Тир секогаш се натпреварувал со Сидон. Имал развиена трговија, бродоградилишта, текстилна индустрија и боење на материјалите во пурпурноцрвена боја. Темелите на Картагена во Северна Африка биле удрени од феникиските трговци. Тир е градот што Александар Велики го опседнувал седум месеци. Во тоа време, Тир бил град-остров, од кој денес се гледаат само остатоци. Но затоа, најголемиот број ископини се од римското време. Овде се наоѓа еден од најголемите хиподроми, долг 480, широк 160 метри. Собирал околу 30000 гледачи. Има триумфална капија, тука се наоѓа и некрополата, градот на мртвите, што датира од 2 и 6 век п.н.е. Тука се и остатоците од алејата што водела од градот кон морето. Би се рекло, Елисејските Полиња на античкиот свет. Може да се кажува многу – датуми, имиња, кралеви.
Невозможно е да се опфати се на еден ваков простор. Тука е и Ешмунд – храмот посветен на богот на здравјето. Тука се и винариите, осум, но најстара е онаа во Ксара. Ходниците во кои се чувало виното се откриени во 1857 година од језуитските свештеници. Долги се 2 километри, а се наоѓаат 5 метри под земја. Во оваа визба – винарија, се произведуваат 14 видови вино и арак. Арак е национална ракија во Либан, слична на нашата мастика. Овие подземни ходници, што датираат од римскиот период, се откриени сосема случајно – една лисица ги крадела језуитските кокошки и веднаш исчезнувала. Еден ден, еден од свештениците решил да ја следи и така ги открил подземните ходници што оттогаш се употребуваат во процесот на добивање квалитетно вино – од берба до купувач.
Тука е и Зале, невестата на Бекваа (една од долините во Либан кадешто се наоѓа и винаријата Ксара), административен и трговски центар, но во исто време и земјоделски град каде што се произведува многу зеленчук, овошје и, се разбира, грозје. Тоа е и лулка на интелектуалниот дух, на писатели, поети, мислители.
Пештерата во Џета, со своите галерии од сталактити, е посебна атракција. Сите овие долини, ископини и градови како од сказните, го прават Либан една голема атракција што треба да се
види и доживее барем еднаш во животот.

Елена Стојковска