Search for content, post, videos

Железната дама на градот Париз – Ајфеловата кула

Ајфеловата кула низ својата историја која е долга повеке од еден век  поминала низ многу фази од несакан и омрзнат споменик од куп железо до најголемо светско здание кое е и денес познат светски симбол. Ваквите различни емоции кои ги предизвикувала кај луѓето зборува за неверојаната фасцинација и моќ која оваа кула ја имала кај луѓето. Скоро и да нема значајни личности кои не оставиле печат во светската историја, а да не се поврзани со Ајфеловата кула. Ја посетувале и сеуште ја посетуваат високи државници, уметници, политичари и големи светски имиња. Сместена во раскошниот Париз таа гордо го краси со својата висина.

Кулата највеличествената градба во овој град…

Ајфеловата кула е продукт на својата епоха кон крајот на 19 век која со полно право се нарекува “технологија на пролетта“.  Го преставува времето кога се било во движење, времето на промени, ерата на имагинарноста и инвентивноста преставена во пронајдоците како што се машината за пишување, телефонот, фонографот, електричната сијалица, автомобилот, железницата…дваесетиот век е роден од овие промени и движења. Ваквата креативна енергија Густав Ајфел ја крунисал со својата прва железна дама која се издигнува од Марсовото поле према небото. А сето тоа поради конкусот за избирање на најубава и најинтересна светска градба кој го објавил Журнал Офисијел за претстојната Светска изложба по повод стогодишнината од француската револуција, кога проектот на Ајфел бил избран како најдобар.

Но, овој проект од почетокот воопшто не бил прифатен од граѓаните на Париз. Во февруари 1887 година во францускиот весник Ле Темпс излегол манифест потпишан од луѓе од високите кругови, луѓе од светот на уметноста и книжевноста, кои протестираат против градењето на кула висока 300 метри во ценатрот на градот, кула која ја сметале за грдосија. Меѓу потшишаните во протестот се Чарлс Гарние – архитектот на француската Опера Гарние, потоа Александар Дима помладиот, Ги де Мопасан, Чарлс Гунот, Пол Гоген, како и многу други истакнати имиња од тоа време. Својот протест го почнале со зборовите:“Во името на непроценливиот француски вкус и во име на загрозената француска уметност, историја и култура, ние уметниците од овој град воодушевени од убавината негова, со големо огорчување најсилно протестираме за градењето на оваа монструозна и бескорисна кула во срцето на нашиот град. Оваа кула ќе биде како голем црн фабрички оџак,  столб од железо вредно за презир,  кој ќе ги срамоти сите славни монументи во градот на светлината“. Интересен е фактот што познатиот сликар Пол Гоген секој ден ручал во ресторанот на Ајфеловата кула откако ја изградиле, со цел да не ја гледа кулата, а токму од овој ресторан не можел да му одлета погледот на кулата, бидејки воопшто не сакал да ја гледа.

Среќа што сето ова не поминало кај градските власти и проектот на Густав Ајфел, кој силно го бранел, сепак успеал да се реализира. Неговиот одговор на протестот од уметниците бил:“Кулата е замислена да биде атракција со одреден шарм на која класичните уметнички теории не се применети. Пример ми се египетските пирамиди каде надворешниот изглед не е нешто посебно, а нема човек на светот кој не им се воодушевува. Тоа воодушевување кое го предизвикуваат пирамидите со својата појава доаѓа од неизмерно вложениот труд и величенственоста на крајниот резултат. Токму тој концепт е вграден и во оваа кула. Кулата ќе биде највисокото здание некогаш подигнато во светот!.. Зарем тоа не е величествено само по себе? Зошто нешто што е обожувано во Египет, биде омаловажувано во Париз. Кулата ќе биде највеличествената градба во овој град“.

Конструкцијата на Густав Ајфел…

Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу најпрепознатливите симболи во светот. Именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел, денес преставува една од најпосетените туристички атракции. До 1930 година била највисоката градба во светот со своите 300 метри висина и овој примат го имала цели 40 години. Кулата е градена од 1887 до 1889 година и послужила како главна капија за влез на Светската изложба. Структурата е составена од повеќе од 18.000 делови од лиено железо, а до врвот на кулата има 1665 скали кои водат кон преубавиот панорамски поглед на градот. Тристотини работници составиле точно 18.038 парчиња железо, користејќи 2,5 милиоти навртки. Раизикот за потенцијална несреќа бил голем, со оглед на фактот дека кулата е отворена без спратови со исклучок на двете платформи, но заради добрите сигурносни мерки што се превзеле, загинал само еден човек и тоа за време на инсталацијата на лифотвите.  Ајфеловата кула е највисоката градба во Париз.

Во зависност од температурата, врвот на кулата може да се помести од сонцето до 8 cm, заради експанзијата на металот од страната кон сонцето. Одржувањето на кулата вклучува нанесување на 50 тони боја во три нијанси секои седум години за да се спречи рѓосување. Повремено бојата се менува – моментално кулата е обоена во сива нијанса. Ајфел дозволил кулата да стои 20 години кога сопственоста би истекла за градот Париз, кој првично планирал да ја сруши; бидејќи дел од оригиналните правила на натпреварот биле дека кулата морала лесно да се сруши, но бидејќи се прикажала како корисна за комуникациски цели, било дозволено да остане и по истекот на дозволата. Интересен факт поврзан за кулата е што по нацистичката окупација на Париз, каблите на лифтовите биле исечени од Французите за Хитлер да мора да се качи по скали за да стигне до платформите. Деловите за поправка наводно не можеле да се набават заради војната, иако повторно работеле веднаш по заминувањето на Нацистите. Војниците морале да се качат до врвот за да ја истакнат свастиката, но знамето било преголемо па излетало само неколку часа подоцна. Сепак германците не успеале да ја срушат кулата иако Хитлер тоа го сакал. Кулата останала да стои гордо и да го краси градот како и да ги воодушевува сите посетители.

Во 2000 година трепкачки светилки и четири силни рефлектори биле поставени на кулата. Од тогаш светлосното шоу станува вечерен настан. Рефлекторите на врвот на кулата изгледаат како светилник во Париското небо. Вистинско доживување е кога ќе засветат сите светилки на кулата, како да се симнале сите ѕвезди од небото и застанале на земјата.

За вредноста и почитувањето на ваквите проекти само времето може да суди, а оваа кула дефинитивно го положила тестот. Ајфеловата кула зрачи со сопствена и специфична убавина која сеуште ги воодушевува посетителите.

Силвана Јованчева