Search for content, post, videos

Житарки… Дали добро ги познаваме?

Почнете да готвите разновидно, вкусно и здраво.

Водич за интегралните житарки – дел 1

Во повеќето случаеви во готвењето најмногу користиме инегрален ориз и пченично брашно. Но, на полиците во продавниците за здрава храна стојат многу видови на житарици, на кои забораваме или за кои ништо не знаеме и затоа ги избегнуваме. Дознајте повеќе за интеграните житарки и нивните лековити својства. Почнете да готвите разновидно, вкусно и здраво.

 ПИР – Крупник – еден од најстарите видови на пченица, која потекнува од Азија и се споменува во Стариот завет од Библијата. Содржи многу повеќе протеини од пченицата, незаситени масти, витамин А,Ц и Б, потоа минерали, како калциум, селен, кобалт, железо, фосфор, магнезиум, калиум, бакар, а содржи и многу растителни влакна. Помага во борбата против анемијата, делува лаксативно и закрепнувачки за организмот. Има изразено антиоксодативно дејство. Поволно делува кај кожните и алергиски зарази, неуродермитисот, ревматските заболување и кај зголемен холестерол.

За да се подобри неговото корисно дејство, се препорачува да се свари малку и така да се конзумира. Во трговијата можете да го најдете како гриз, кускус и брашно од пир. Тој се користи за подготвување на леб и пецива, за производство на пиво, како и производи за деца. Пропржени и мелени зрна од пир се користат како замена за кафе. Пирот многу лесно се обработува во организмот, па затоа е многу добар за исхрана на децата и старите лица.

Амарант – “без глутен“

Амарант e древна житарица широко распространета на територијата на Америка и Азија.Оваа хранлива житарка се одгледува повеќе од 8000 години и била значаен дел од обредите на американските домородци.Нејзиното име означува бесмртен. Таа е една од најздравите и најстари житарки во светот. Потекнува од Средна и Јужна Америка. Содржи висококвалитетни протеини и лизин со најголем процент од другите житарки. Способноста на биолошката асимилација на неговите протеини е поголема отколку кај млекото, сојата, јачменот и пченицата.

Оваа храна била високоценета уште пред 6000 години во времето на Ацтеките. Се користи како замена за житата и главна негова карактеристика е отсуството на глутен. Содржи големо количество манган, но, исто така, и железо, магнезиум, фосфор и диетални влакна. Амарантот претставува извор и на протеини и специфично е тоа што има есенцијална аминокиселина којашто е ретко застапена во растителни продукти. Железото е важно за развојот на децата, претставува важен дел од имуниот систем, придонесува за формирање хемоглобин и црвени крвни зрнца, за намалување на заморот и за нормална когнитивна функција. Амарант во зрна можете да го варите како и другите житарки, а брашното да го користите за подготовка на леб.

Просо – “без глутен“

Просото е безглутенска житарка, која доаѓа од Истокот. Неговото потекло не е сосема разјаснето, но сигурно е дека е одгледувано во Кина пред многу илјади години. Во средниот век просото било популарно во многу делови на Европа и се сметало за одлична замена за месото. Можело да се чува во складови долги години. Венеција се спасила од опсадата на Џеновезите, токму благодарејки на просото сочувано во своите складишта.

Зрно просо е многу богато со скроб и затоа може да се спореди со пченката. Просото е одличен извор на протеини, витамини А и Б, како и минерали, посебно железо, магнезиум, фосфор и салицил. Поради високата содржина на силицилна киселина просото се смета за вистински козметички препарат, бидејки одлично делува на ноктите, кожата, косата и забите. Просото го чисти организмот, воспоставува рамнотежа во организмот, ја регулира работата за системот за варење и го јакнее имунитетот. Се препорачува кај луѓе кои имаат зголемен физички и психички напор, трудници и мајки што дојат. Просото многу брзо и лесно се спрема. Зрното му е слаткасто и токму поради тоа е многу вкусно за јадење. Оваа житарка не содржи глутен, но може да се меша со пченкарно брашно и да се користи за подготовка на леб и тестенини.

Силвана Јованчева