Search for content, post, videos

Живописното селце на вода Гиетхорн

Речиси двесте мовчиња (повеќето дрвени) ги поврзуваат бреговите каде што се наоѓаат преубави
куќарки, со дворчиња што наликуваат на градини (цветни, овошни, зеленчукови), тревници…, а под нив минуваат каналчињата полни со чамци што ги превезуваат и месното население и туристите, на прошетка. И едните и другите се заштитен знак на холандското селце чија питорескност нè враќа во годините на детството, кога сликовниците ги „голтавме“ без да трепнеме, во еден здив.

Иако е селце, го нарекуваат „мала Венеција“ или „холандска Венеција“ или „Венеција на север“. Има перфектна основа за називот, без разлика во нивната големина. Импресионира со мирот и тишината, убавината, различноста, кои будат едноставни чувства. На прв поглед е нереално, како бајка или, евентуално, кулиса, во зависност од фантазијата, поради каналчињата меѓу фармерските куќарки чии покриви се направени од слама. Божем ништо не е случајно, па така ќе налетате на „попречна улица“ (каналче), ќе здогледате одвај подвижен старец на некое дрвено мовче, како оди во посета на соседите. Мирниот, тивок живот е својствен за Гиетхорн, подеднакво убав, но сепак различен, поинаков од Венеција каде што се претера во комерцијализацијата. Тука, во холандското селце, владее полно спокојство. Најгласен е викот на пајките и на другите птици (домашни, диви). Нема бучава и покрај многуте моторни чамци. Решението е многу едноставно,
наместа се изнајмуваат бесшумни чунчиња, додека жителите веслаат онака, мераклиски, без да брзаат некаде, каде било.

 

Деведесет километри долгите каналчиња имаат одличен распоред иако се природни.
Настанале со тектонски поместувања на земјиштето, а сто и осумдесетте мовчиња (повеќето дрвени) ги поврзуваат бреговите каде што „заталкало“ понекое уличе, кратко, само да се мине.

Деведесет километри долгите каналчиња имаат одличен распоред иако се природни. Настанале со тектонски поместувања на земјиштето, а сто и осумдесетте мовчиња (повеќето дрвени) ги поврзуваат бреговите каде што „заталкало“ понекое уличе, кратко, само да се мине.
Мештаните обично ги користат чамците за превоз, по навика. Одат пеш само на куси релации, докај првите соседи, клупата отспротива. Не ги мрзи, напротив. Се движат со чунчиња за да ја сочуваат претставата, сликата за некогашниот живот и да ја пренесат во светот, преку туристите што доаѓаат од сите страни. Всушност, тоа е нивна традиција, но и секојдневие. Ни поштарот
не е исклучок. Сè изгледа фантастично, како извадок од бајка или, можеби, сценарио за
филм, сценографија. Неговата живописност, питорескност, привлекува многу посетители, а најбројни се Кинезите, од 150.000 до 200.000 годишно. Селцето има околу две илјади и шестотини жители, целосно посветени на работата, во смисла на одржување на дворовите
што повеќе личат на градини (цветни, овошни, зеленчукови) и на тревниците.
Раскошот на бои не се знае кога е поголем, напролет, во лето или наесен. Па и во текот на зимата е убаво. Замрзнатите каналчиња се полни со деца, возрасни, на лизгалки, видно расположени.

Независно од сезоната, туризмот цвета. Гиетхорн нема ни стари ниту, пак, модерни зданија, ни цркви од минатото. Атрактивноста е резултат на добро осмислениот проект, план за работа, неговата концепциска замисла. Интересот за крстосување, туристичко патување со бротче или
чамец со две-три седишта, за педалинка е толку голем што резервацијата мора да се направи еден-два дена порано.
Истото важи за големите топки на дување. Во нив можете да влезете и да трчате низ каналчињата, езерцата, додека не се изморите. Во рестораните ќе ја изгаснете жедта со ладно пиво. Таму се служи од печен бифтек на скара до палачинки со различни видови овошја. На пример, ресторанот De Lindenhof, кој се наоѓа во истоимениот хотел, е првокласен и водечки на листата за препораки. Специјалитетите што важат за ремек-дело, и визуелно и според вкусот, ги приготвува Мартин Круитхоф. Тој и сопругата се всушност и сопственици.
Веднаш потоа, следуваат De Dames van de Jonge, Holands Venice, De Rietstulp итн.
Сите ресторани обезбедуваат бродски превоз. Инаку, освен во хотелски соби, може да се преспие и во апартмани што ги изнајмуваат мештаните. Цената за ноќевање и појадок се движи од 80 евра
па нагоре. Гостите можат да изберат меѓу луксузот и едноставноста, со неизбежните рустични елементи.

Состојбата на полно спокојство, нирвана, е вообичаена, од рано изутрина до навечер: погледот на каналчињата, дрвените мовчиња, езерцата…, првото кафе, обиколката низ селцето, индивидуално или организирано, по желба, пеш, со велосипед, чамец, бротче, вклучително и мочуришниот крај. Околината е исто така живописна. Таму повеќето фарми, овоштарници, зеленчукови градини се како дел од територијалната целост. Името Гиетхорн доаѓа од стотиците козји рогови (gietehorens) што луѓето кои го населиле местото во 10 век, по поплавите, ги нашле во мочуриштето. Денес таму нема животински останки, сè е исчистено, но затоа, пак, има многу риби, поради што месното население се занимава и со риболов, меѓудругото, а доаѓаат и спортски, страсни риболовци отсекаде. Селцето го привлече вниманието на туристите по „Фанфара“, комедијата што ја сними познатиот продуцент Берт Ханстра, во 1958 година. Дотогаш немало пешачка зона. Ја направиле подоцна. До 1973 год. не припаѓало никому, функционирало независно, кога се приклучило на Бредервиеде.

Доколку ве интересира историјата на Гиетхорн, посетете го музејот Het Olde Maat Uus каде што се прикажани амбиенталните вредности на селската куќарка, начинот на живеење и сл., пред стотина
Доколку ве интересира минатото на Гиетхорн, посетете го музејот Het Olde Maat Uus каде што се прикажани амбиенталните вредности на селската куќарка, начинот на живеење и сл., пред стотина години. Интерактивен е.

Влезницата чини 4 евра за возрасни, 1 евро за деца. Вреди да се отиде и во De Oude Aarde, музејот на (полу)скапоцени камења и минерали. Од март до октомври е отворен од 10 до 18 часот, додека во ноември, декември, јануари и во февруари работи од 10 до 17 часот. Цената на билетот за возрасни е 3,5 евра, а за деца 2,5 евра. Има и продавница што нуди разни производи. Најбаран е накитот, секако. Љубителите на стари автомобили ќе уживаат во глетката доколку го посетат
музејот HistoMobil каде што се изложени и мотоцикли, јакни, вагони…, околу 5.000 на број, собрани од 1800-тите до 1970-тите години. Влезницата чини 7,5 евра за возрасни, а 3,5 евра за деца.
Докази за атрактивноста на ова селце има колку што сакате. Еден од нив е, на пример, освоеното дваесет и прво место (во конкуренција од 182 натпреварувачи) во бордот на „Монопол“, вид игра во која се имитираат односите во општеството, за што жителите зборуваат горделиво, и со за-
доволство се фалат.

Игор Ландсберг