Search for content, post, videos

Животот е всушност…. убав

Повеќето од нас во животот се сретнуваат со многу егзистенцијални проблеми, и изгледа како да нема надеж за подобра иднина. Некои тоа го преживуваат полесно и се надеваат на подобри денови, а некои и се препуштаат на безнадежноста и засекогаш ги пропуштаат убавите моменти кои животот секому ги дава. За жал, во последно време се побројни се оние кои и се препуштаат на безнадежноста и апатијата.

За едните велиме дека се оптимисти, а за другите дека се песимисти. По дефиниција, оптимист е човек кој на се во животот гледа од добрата страна и верува дека на крајот се добро ќе заврши, а песимист е човек кој има обичај животот и случувањата во него да ги гледа само од лошата страна, без надеж за подобро.
Можеби ја знаете онаа приказна за двајцата, на кои им покажале половина чаша вода. Едниот рекол: “Чашата е полна до половина и јас сум благодаран”, вториот пак рекол: “Чашата е празна до половина и јас се чувствувам излажан”. Разликата помеѓу двајцата не е во тоа што го имаат, туку во ставот за она што го немаат.
Поделбата на луѓето на оптимисти и песимисти воопшто не е безначајна. Тоа е важна карактеристика на една личност и значително влијае на тоа како таа личност ќе го проживее својот живот.