Search for content, post, videos

Зошто е одеднаш емотивно студен?

Ако почувствувате дека вашиот сакан одеднаш станал емотивно студен кон вас, се повлекува, тогаш експертите наведуваат пет можни причини кои го објаснуваат неговото однесување…
1. Сe уште не е подготвен
Ако сте во врска и сте разговарале на темата „сериозна врска“, кај него може да спласне возбудата токму по ваквиот разговор бидејќи тој едноставно не е подготвен за ваков чекор.
2. Се плаши да го преземе следниот чекор
Еден од примарните стравови на мажите е губитокот на слободата. Можеби размислува за тоа што ќе добие ако ве задржи во животот и дали тоа е вредно за губењето на финансиската и сексуалната слобода или времето.
3. Машко време
Кога мажот е зафатен со нешто што го окупира неговото внимание (работа, хоби, спорт) – тој едноставно губи чувство за времето и за сe околу него. Кога конечно ќе сфати колку време поминало, можеби се плаши да ви се јави и да се соочи со вашата лутина.
4. Мисли дека сте се смениле
Не сте веќе истата личност со која ја почнал врската. Наместо жената која успеваше лесно да ја насмее и која го почитуваше, можеби ја запознал и вашата друга страна – некој кому е тешко да удоволи, несигурна личност, жена која има многу барања…
5. Не сте личноста за него (или тој не е за вас)
Можеби во почетокот кога ќе го сфатите тоа ќе бидете разочарана, но на крајот ќе сфатите дека всушност ви направил услуга. И да сте останеле заедно, врската ќе ви завршела подоцна или порано затоа што едноставно не сте си одговарале.

А како да знаете поради која од наведените причини се оддалечил од вас? Слушајте ја својата интуиција. Ако му е потребен простор, мора да му го обезбедите или ќе го изгубите. Многу жени се изненадуваат кога ќе сфатат дека нивните партнери дозволиле со нив да управуваат личните стравови. Така на пример, бројот на жени кои сами ја организирале својата венчавка е многу поголем и неспоредлив со оној на мажите кои го направиле тоа заедно со партнерката.
Од друга страна, пак, ако покрај себе имате маж кој не сака да ви го даде тоа што ви треба, тогаш најдобрата работа која можете да ја направите е да го пуштите. Немојте да бидете една од жените кои тажат по времето поминато во врска која не се одвивала во саканиот правец.
Секако, ако сте вие причината поради која сака да си замине, нормално е да се чувствувате исплашена, несигурна, нервозна бидејќи сите сме понекогаш такви. Но внимавајте таквото чувство да не почне да влијае на вашето однесување и донесувањето одлуки.