Search for content, post, videos

Зошто треба да се јадат мешунки

 

Резултатите од истражувањето што ги објави списанието Храна и нутриционизам сугерираат дека мешунките побрзо го задоволуваат чувството на глад од месото. Данските научници од Универзитетот во Копенхаген следеле 43 испитаници кои добивале оброци со разни видови мешунки или различни видови месо. Учесниците во истражувањето освен што биле посити по оброкот со мешунки, во следните оброци конзумирале дури и 12% помалку калории. Тоа укажува дека мешунките можат да бидат ефективно средство во контролата на телесната тежина. И мешунките како и месото се одличен извор на протеини, но воедно се многу побогати со растителни влакна. Токму влакната се најзаслужни за засилување на чувството на ситост, сметаат истражувачите.