Search for content, post, videos

Звукот во исцелувањето

Влијанието на звукот врз енергетското и физичкото тело во светот на исцелувањето (духовниот развој) им било познато и на древните цивилизации на Сумерите и Египќаните. Ова лекување денес спаѓа во доменот на алтернативната медицина. Музиката како уметност силно влијае врз човечката перцепција на внатрешната состојба, а со тоа и врз неговото однесување. Звукот кој е дел од некакво музичко дело, делува врз човековата свест на тој начин што понекогаш предизвикува силни емоции кои можеби до пред извесно време биле скриени кај човекот. Музиката ги трансформира емоциите. Таа може емоционално да го отвори човекот, да го исполни, да му овозможи да се изрази, да доживее внатрешно искуство кое без музика не би можел. Современата медицина е отидена чекор напред па низ музико – терапијата открива дека музиката има исцелително влијание врз човекот, односно врз неговата психа и тело. А најновите откритија за структурата на ДНК го ставаат звукот во прв план кога се работи за влијание врз неа и нејзиното функционирање во организмот. Интересно е да се каже дека повеќето светски религии се служат токму со звукот во процесот на остварување на контактот со духовниот свет, при користење молитви, мантри или разни ритуали и обреди. Ваквите звучни формули во една религија се постоечки облици на една конкретна духовна пракса. Постои одредена разлика меѓу програмирање на несвесниот ум и креирање на саканата реалност. Несвесниот ум се програмира со одредени повторувања заради меморирање одредена програма, додека саканата реалност се креира со интенција (мисла-намера), визуелизација и вербално изразување.

Всушност звукот е во состојба да ја трансформира материјата (анорганската и органската). Затоа со употреба на звучната формула, надополнета со одредена желба (намера), вербално обликувана (искажана), може и директно да се влијае врз материјата. Одличен показател на овој ефект се гледа низ испитувањата извршени од јапонскиот научник Масару Емото, кој ни открива дека звучните вибрации можат да делуваат врз кристалите во водата, менувајќи им ја структурата. Со серија фотографии Емото докажува дека звукот делува врз темелите на материјалниот свет – кристалната структура на материјата. Емото вршел експерименти врз водата при што кон неколку садови наполнети со вода испраЌал различни звучни информации и вербални пораки. Структурата на кристалите значително би се изменила доколку упатената вербална порака би била поврзна со некаква манифестација на љубов (љубовна емоција) или, пак, би одела во крајност кога би била упатена деструктивна емоција или чувство на омраза. Во првиот случај кристалите имале совршена кристална структура и зрачеле со чиста светлина, додека во вториот случај кристалите биле темни и изобличени. Меѓутоа, влијанието на звукот врз материјата не само што делува врз анорганската туку и врз органската материја. Седумдесет проценти од човечкото тело е вода, а доколку звукот или вибрацијата делува врз кристалите на водата, звукот потполно исто ќе делува врз водата во организмот. Но звукот не делува само врз клеточната течност, туку делува и врз јадрото на клетките во кои се наоѓаат хромозомите,  кои се исполнети со ДНК.

Силвана