Search for content, post, videos

МОСТ НА КУЛТУРНИ НАСТАНИ

И оваа година фестивалот Охридско Лето плени со својот широк избор на културни настани и впечатливи моменти во кои ќе уживаат сите обожаватели на овој фестивал.

Оваа ноќ посетителите имаа можност да уживаат во Театарската претстава „History of Mother Fuckersспоред Кориолан на Вилијам Шекспир, во режија на Андраш Урбан, а во изведба на НУ Народен Театар, Битола.

Навистина е фасцинирачки погледот на публиката која секое лето ужива во прекрасните претстави и изведби од врвни имиња.

Она што од секогаш било специфично за фестивалот Охридско Лето тоа што има вистинска привлечна моќ како за домашните, така и за странските туристи, привлекува со секогаш уникатните програми, како и со автентичното место на одржување на настаните. Сите љубители на културните настани на Охридско Лето, ќе можат да уживаат во сите прекрасни изведби до самото затварање на фестивалот кое ќе биде на 20-ти Август 2021 година.

Надица Пушкоска

Фото- Охридско Лето