Search for content, post, videos

Егзотичниот дизајнер – КРИСТОФЕР ЛИЧ

Избран меѓу првите сто дизајнери во светот, дизајнерот на ентериери Кристофер Лич креира егзотични ентериери кои воодушевуваат и радуваат.

Кристофер Лич е роден на Бермудите, а се школувал во Велика Британија. Својата кареира како дизајнер ја започнал како продавач на антиквитети во Лондон, а своја продавница отворил пред 8  осум години. Работи самостојно за да може да даде личен печат на работата, а архитекти или проект менаџери ангажира по потреба.

Во моментот Кристофер работи внатрешен дизајн во неколку куќи во околината на Глостер и Оксфорд, како и на еден голем имот во Челзи, кој е внатрешно целосно преизграден (реновиран). Истовремено за себе реновира и стара куќа од седумнаесетиот век во Костволд, и ги дизајнира ентериерите на фризерските салонуи Труфит и Хил во Сент Џејмс во Лондон.

„Чувствувам дека сум успеал кога ентериерот природно се вклопува во околината.“ – вели тој. „Уживам во процесот на создавање куќа, на тој начин што со задоволство ги исполнувам желбите на клиентите и им давам нешто што ќе ги усреќи.“

Кристофер има беспрекорно добар вкус и неговите софистицирани убави ентериети се перфектно сработени. Очекувајте смисла за забава и брилиантно око за декрации. Дали да заштедите или не? Прво направете добар дизајн, градба, столарија, водовод и струја. Ако собата изгледа добра кога е празна, тоа е најдобриот тест.

‘Ние уживаме во можноста да мешаме стилови, периоди и бои’

Светот се воодушеви од написот Светот на ентериерите во кој беше претставен стан во Лондон од дизајнерот Кристофер Лич. Терминот „кутија за накит“ станува преупотребуван кога се опишуваат мали станови и куќи,но станот на Лич навистина беше како кутија за накит, и тоа многу елегантна кутија.
Издвоениот проект  куќа во Лондон која ја декорирал Лич за неговиот клиент, тексашанец кој моментално живее во Лондон. Клиентот сакал „чувство на селска куќа во Лондон –англиска без чинч.“  Мислам дека Лич успеа во намерата бидејќи куќата има силен Британски шмек, мажествен и достоинствен. Но, она што навистина паѓа во очи е како ентериерот на куќата изгледа како да е декориран пред многу години,што не е така. Некако, Лич успеал да ги дизајнира собите кои имаат патина и старина во нив, а сепак да бидат чисти и нови на изглед.Тоа е навистина тежок баланс кој треба да се постигне, а овој дизајнер во тоа успева.

Во свет каде многу куќи се „многу врева за ништо“ (според старата поговорка), убаво е да се види куќа која има и темел и кров.

Силвана Јованчева