Search for content, post, videos

Фенг Шуи совети за поставеност на апаратите во кујната

Тргнете го шпоретот од аголот на просторијата
Шпоретот заглавен наспроти ѕидот е лош избор, го ограничува просторот на оној што ја готви храната и го ограничува слободниот проток на чи енергија. Добриот распоред на мебелот во кујната бара протокот на чи енергија да не биде блокиран низ просторот. Затоа извлечете го шпоретот ако ви е поставен на таков начин во аголот. Поставувањето “остров” во средината на просторијата или огледало наспроти или над шпоретот е добар “лек” за безнадежно заглавениот шпорет. Огледалата создаваат впечаток на поголем и поширок простор. Можете да закачите и звончиња кои се лелеат на ветерот или во близина на влезната врата или над просторот за готвење.
Оганот и водата не смеат да се мешаат
Според начелото на Фенг Шуи, шпоретот, фрижидерот и мијалникот треба да бидат поставени дијагонално, претставувајќи триаголник со аглите најмалку 2 до 2,5 метри, со цел да се спречи конфликтот меЃу елементите вода и оган. Ваквите конфликти влијаат врз ширењето на несогласувањето меЃу членовите на семејството. За да ја поправите положбата на огнените и водените апарати обидете се поставување зелен килим или лисесто собно растение меЃу апаратите.
Тргнете го шпоретот од прозорецот
Во многу Фенг Шуи дизајни погледот низ прозорец е позитивен за чи енергијата и за среќата во домот, особено ако прозорецот гледа во вода. Но ако шпоретот е свртен кон прозорецот тоа може да биде погодно за готвењето, но во исто време овозможува чи енергијата да избега низ прозорецот, заедно со здравјето и напредокот на семејството. Лекот за таквата поставеност на шпоретот се рефлектирачки траки или огледала околу прозорецот за да се создаде рефлексија на влез. Можете да поставите и ѕвончиња.
Тргнете ја микровалната од шпоретот
Модерните домови главно се дизајнирани за прострна ефикасност, па не ретко се случува микровалната да е поставена над шпоретот. По Фенг Шуи тоа е лош знак. Затоа тргнете ја микровалната од шпоретот за да ги избегнете проблемите. Голем дел од Фенг Шуи експертите сметаат дека микровланата печка не треба да се наоЃа во составот на една кујна.
Проширете го тесниот премин
Ако и вие во вашиот дом имате само мала патека за да поминете крај електричните апарати (поточно имате сосема мала кујна), едноставно поставете огледала за да го проширите изгледот на самата просторија. На вратата закачете ѕвончиња или поставете зелено собно растение, за да го овозможите непреченото движење на чи енергијата низ целиот стан.