Search for content, post, videos

Фенг Шуи во срцето на домот… во кујната

Фенг Шуи во срцето на домот… во кујната. Уредувањето на кујната во Фенг Шуи стил може драстично да влијае на вашиот живот. Но ова секако се однесува и на остатокот од вашиот дом. Правилно поставениот мебел е основа за поттикнување на позитивната енергија и е гаранција за чувството на комфор во домот.
Кинеската Фенг Шуи практика е осмислена така што може да се примени во сите аспекти на животот. Со соодветна примена на Фенг шуи принципот може да  подобри сe, од интимните до професионалните односи, од здравјето до успехот во кариерата. Во повеќето случаи, доволно е да се направат само мали промени во окружувањето како на пример едноставна промена на декорацијата или распоредот на мебелот. Во било која просторија од домот можат да се направат мали измени за успешно да се создаде дом полн со хармонија, мир и задоволство.
Најчесто користена просторија во домот е кујната. Таа е симбол на домашниот напредок, а главна функција и е исхрана на семејството. Секако дека кујната мора да биде секогаш чиста, со оглед на тоа дека во неа храната се чува, подготвува и конзумира. За најдобри резултати, потребно е да ја поттикнете чи енергијата. Неколку основни совети можат да се применат на секоја кујна.
Положбата на кујната во домот
Ако сте во можност да ја бирате положбата на кујната, идеално е таа да биде поставена во задниот дел од домот, или барем зад централната линија на станот, значи што подалеку од влезот во домот. Положбата на кујната во домот треба да биде таква за да го поттикнува протокот на позитивната енергија. Најдобро е влезот во домот да не води директно во влезот во домот. Се верува дека ако влезната врата во домот се наоѓа директно спроти влезот во кујната, тоа предизвикува пречки во системот за варење кај оние кои живеат во домот. Другото влијание на ваквата положба на влезот е врз гостите, кои во овој случај ќе се чувствуваат помалку пријатно и набргу по јадењето ќе си заминат, за да го избегнат влијанието на негативната енергија. Во секој случај, положбата на просториите во веќе наместен стан тешко се менува, па затоа треба да се направат некои други промени, со цел да се ублажат негативните аспекти. Во овој случај пред вратата на кујната може да се закачи завеса, па на тој начин кујната ќе се изолира од останатите простории. Можете да поставите и интересен параван кој ќе го одвлече вниманието од кујната која е погрешно поставена во рамките на домот.
Поставеноста на кујнските апарати
Положбата на кујнските уреди и елементи е од витално значење за протокот на позитивната енергија. Оној кој ја подготвува храната треба да стои така што секогаш ќе го гледа оној кој влегува во просторијата, а притоа да не мора да се сврти за да го види. Ако шпоретот е свртен кон ѕидот, добро поставено огледало или рефлексна површина ќе го решат овој проблем. Современите решенија на кујната во исто време се и практични и поволни, а тоа е кујнскиот “остров”. Тој е поставен во центарот на просторијата и освен што делува атрактивно, го решава и проблемот со поставеноста на оној кој ја подготвува храната.
Шпоретот е срцето на кујната. Кога станува збор за шпоретот, треба да ги користите сите рингли подеднакво, бидејќи тоа го симболизира приливот на пари од разни извори. Мијалникот – елементот вода – треба д аго одделите од шпоретот – елементот оган. одделете ја микровалната од фрижидерот, машината за миење садови и мијалникот. Никогаш рерната не ја поставувајте под прозорецот – ова ќе придонесе сиот ваш успех да излегува низ прозорецот. Нечистотијата е вистинска катастрофа при постигнувањето успех. Настојувајте кујната секогаш да биде убаво исчистена и средена. Ако некој од електричните апарати е расипан, не работи добро или е скршен, веднаш заменете го со нов. Исфрлете ги непотребните предмети и ѓубрето. Така кујната ќе стане многу поудобна и ќе ја привлече позитивната енергија која тече наоколу.