Search for content, post, videos

Како да ги искористите светлите бои во домот

Комплетно тропски –  Комбинација на садови и прибор за јадење во различни нијанси на летните бои сина, зелена, розе,жолта, црвена,  за опуштено летно јадење во градината.  За поставување на инстант маса за Продолжете  со несоодветно насликани столици и користете листови од палма, како алтернатива на цветни аранжмани на масата. Чувствувајте се тропски.

Комплетно овошно – тути фрути – Разиграјте  ја терасата на поткровјето со немирини бои и шарен мебел и опрема. Така здодевниот простор ќе се претвори  во функционален дел во кој ќе уживате. Ако позадина е едноставна можете да искористите цел спектар на бои и на тој начин ќе создадете прекрасен нов изглед на терасата. Ова е преголем залак, но тоа е целта на оваа идеја.

Карневалски дух – додадете смеа на надворешниот забавен простор со јаки бои и хартиени додатоци. Ако вашиот мебел во градината е малку оштетен и стар, освежете го со тоа што ќе го обоите со палета од смели бои и голема разноликост. За промена направете разнобојни хартиени ананаси како аранжмани на масата, а за поубава атмосфера направете и хартиени фенери кои ќе ја направат уште поромантична вашата забава. Завршете со овошни декорации на масата, прибор за јадење во боја, како и шарени чаши и чинии.

Спротивставени бои – колоритен конфликт – судир на бои – Одличен начин  да додадете прекрасна атмосфера на вашата забава со судир на боите. Масата за јадење украсете ја со убави бои кристали. Ваквите потези на разноликост имаат интересен ефект на шест различни нијанси. Така ќе добиете атрактивна атмосфера за пиење чај во разноликост од бои.

Совршено седло – удобност во седењето – Светлата атмосфера на градината може да биде многу примамливо место за убаво поминати моменти во летните мрзливи денови, кога не ви се работи ништо друго, освен да седнете и уживате во градината. Поврзувачкиот спој на внатрешниот и надворешниот дел направете го од трајни полипропиленски материјали … Спојот на перници во слични бои кои како да се движат во Сончевиот систем ќе го надополнат задоволството во уживањето!

Жичана атмосфера  –  саксии во светли кошеви направени од жица и премачкани во разни  бои. Низа на смели и убави нијанси, од флуоро портокалова до светло зелена, ќе им даде на вашиот дом и надворешен простор дополнителен впечаток.

Истакната декорација на модел – сандаците за складирање искористете ги на начин да се сокријат перниците, душеците, капите и се друго корисно што сакате да зачувате, а да биде сокриено од другите издекорирајте ги со стил. Овој сет од три убаво издекорирани кутии со памучно плетен дизајн се преубави за гледање, а нивниот Астечки стил сега е во тренд. Разубавете ја позадината на ѕидот од просторот ставајќи ги напред.

 

Убав под – ужвајте на пикник на убав голем килим. Ставете ги двете тренд вази една до друга и добивате преубав светол дизајн со геометриски детали, кои убаво изгледаат и внатре и надвот од домот. Слободно пробајте, ефектот е убав.

Силвана Јованчева