Search for content, post, videos

Како да го уредите вашиот изнајмен стан

Декоративните навлаки за перници се интересен начин да внесете ведрина во просторот, а најлесно е тоа што не се скапи, па лесно можат да се менуваат, но и да се реорганизираат и да се преместуваат од соба во соба…

Уредувањето на изнајмениот простор честопати претставува вистинска дилема. Сакате да се чувствувате како дома, но кога знаете дека нема да се задржувате во него со години, тешко се нафаќате на големи инвестиции. Ви предлагаме неколку идеи како да внесете живост, боја и ведрина во привремениот простор, а поголемите вложувања да ги сочувате за вашиот дом од соништата.

 


 

Размислувајте практично

Најнапред еден практичен совет: придржувајте се до еден стил и користете слична палета бои во сите простории. На тој начин полесно ќе можете да го преместувате мебелот од една во друга соба. Така на пример, фотелјата која ви е моментно во спалната соба ќе можете да ја вклопите и во дневната соба во вашиот следен дом доколку не можете да ѝ најдете место во таа спална соба.

 

Слика наместо тапети

Голема слика на ѕидот ќе внесе бои во просторијата и нема да има никаква потреба да ставате тапети или да ги бојадисувате ѕидовите во различни бои. Вложете во дело кое ќе биде ефектно, а за кое сметате дека ќе можете да му најдете место и во вашиот иден дом. Ако голема слика е преголем издаток за вас, сличен ефект можете да добиете со само една ролна тапети залепени на средината на ѕидот така што ќе “имитира” слика.

 

Украсни перничиња

Декоративните перничиња се идеален начин да внесете ведрина во домот. Дури уште попрактично е доколку си купите навлаки за перничиња кои ќе можете постојано да ги менувате и на тој начин постојано да му давате нова живост на просторот. Олеснително е тоа што не се скапи па постојано ќе имате нов детаљ во домот.

 

 

Ефектни килими

Килим со впечатлив дезен е уште еден начин да а редефинирате просторијата без никакви трајни промени. Ќе го сокрие стариот паркет, ќе внесе боја и ќе ја оживее просторијата. Шарените стази ќе го збогатат секој ходник, не се скапи, па вложувањето во нив секако може да се оправда. Освен тоа лесно се пакуваат и преместуваат.

 

 

Галерија на ѕидот

Своите уметнички дела можете да ги изложите и без да го дупчите ѕидот со клинци. За лесните цртежи или слики без тешки рамки можете да употребите самолеплива лента која е леплива од двете страни. На истиот начин можете да ги закачите и омилените разгледници, фотографии… Ако на вашиот наемодавач не му пречи да закачите неколку клинци во ѕидот, тогаш убаво размислете каде и како ќе креирате мала и весела домашна галерија.

Големо огледало

Големото огледало потпрено на ѕидот ќе го прошири просторот, ќе внесе повеќе светлина и тоа нема да имате потреба да го закачувате. За поголем ефект врамете го во рамка со металик боја, а притоа не се грижете дали и како ќе го вклопите во некој друг простор бидејќи вака врамено лесно се вклопува во секаков амбиент.

 

 

Интересни завеси

Како и со помош на тапетите со весел дизајн, или со килимот во интересен дезен, така и со внимателно одбраните завеси ќе внесете боја и живост во просторот без притоа да ги боите ѕдовите. Доколку се одлучите за големи завеси кои одат од едниот до другиот крај на ѕидот, тогаш дефинитивно ќе го збогатите просторот. Во тој случај не ви е потребна преголема декорација низ домот.

 

Прекривки

Практични се и поволни, исто како и навлаките за перничиња. Прекривките пружаат чувство на топлина и удобност. Раширени врз гарнитурата ќе и дадат нов и свеж изглед на просторијата. Постојат многу начини на кои можете да ги користите. На пример, можете да ги свиткате и со нив да го прекриете само долниот дел поточно седалото, или пак да ги поставите врз целата гарнитура. Доколку се одлучите за прекривки со две лица постојано ќе си поигрувате со нова свежина во просторот.

Драматична ламба

Висока, драматична ламба покрај тоа што ќе пружи поддршка на постоечкото осветлување, ќе обезбеди и попријатна светлина. Воедно е и одличен декоративен елемент и најважно – лесно се преместува. Со висока ламба поставен аво некој дел од просторијата лесно ќе креирате удобно окружување бидејќи кога ќе сакате да доловите полежерно и поинтимно чувство доволна ќе ви биде само нејзината светлина. Во друг случај ќе можете да ја вклучувате како дополнување на главните светилки при што ќе добиете подраматична и светла просторија.