Search for content, post, videos

Како реагираме на кафето зависи од гените 

Истражувањето спроведено во САД би можело да објасни како некои луѓе можат да заспијат веднаш откако ќе испијат шолја кафе, додека на другите тоа не им оди од рака. Според научниците од универзитетот Нортвестерн, причината за тоа е дејството на гените што влијае врз присутноста на хемиските соединенија присутни во крвта по конзумирањето кофеин. Некои гени се поврзани со пониско ниво на овие хемиски соединенија, што укажува на побрз метаболизам на кофеинот. Истите гени претходно веќе биле поврзани со зголемената склоност кон конзумирање кафе. Во истражувањето биле користени податоците собрани од околу 10.000 испитаници од европско потекло.