Search for content, post, videos

Оревите во контролата на апетитот

Истражувањето спроведено во медицинскиот центар Бет Израел во Бостон покажува дека консумирањето ореви ја олеснува контролата на апетитот. Американските научници ги користеле податоците собрани од 9 испитаници со прекумерна тежина кои во текот на 5 дена консумирале околу 50 грама ореви дневно.

Со помош на снимките направени со магнетна резонанца било утврдено дека кај овие испитаници по прикажувањето фотографии од храна доаѓа до засилена активност во делот на мозокот задолжен за контрола на апетитот и импулсите. Освен тоа, било потврдено дека оревите содржат висока концентрација на омега-3 масни киселини и други супстанции поврзани со смалување на ризикот за дебелина и дијабетес тип 2.