Search for content, post, videos

Овошјето како превенција од дијабетес тип 2

Секојдневното конзумирање свежо овошје е поврзано со 12% смален ризик за дијабетес тип 2, покажува истражувањето на кинеските научници. Освен тоа, забележан е и помал ризик за смрт кај лицата со дијагноза дијабетес тип 2 кои редовно јадат овошје. Секојдневното конзумирање овошје е поврзано и со помал ризик од компликации предизвикани од дијабетесот, како на пример дијабетска ретинопатија.

Во четиригодишното истражување биле користени податоци собрани од околу половина милион испитаници на возраст од 30 до 79 години, а резултатите ги објави научното списание ПЛОС медицина.