Search for content, post, videos

Побелената коса и ризикот за срцеви заболувања

Наодите на египетските научници од универзитетот во Каиро собрани од 545 мажи укажуваат на поврзаноста на побелената коса и зголемување на ризикот за атеросклероза. Истражувачите нагласуваат дека не ја докажале причинско-последичната врска меѓу побелената коса и ризикот за здравјето на срцето и крвните садови. На забележаната поврзаност не влијаела возраста на испитаниците. Атеросклерозата ја карактеризира стенчување и смалување на еластичноста на ѕидовите на крвните садови што е придружено со насобирање масен материјал под внатрешната обвивка на артерискиот ѕид. Кога ќе се развие атеросклерозата во артериите што го снабдуваат мозокот може да дојде до мозочен удар, а ако ги зафати артериите што го снабдуваат срцето може да дојде до срцев удар.