Search for content, post, videos

Пушењето е поопасно за дијабетичарите

На пушачите што боледуваат од дијабетес им се заканува двојно поголем ризик за прерана смрт, тврдат американските научници од Универзитетот на Колорадо. Во седумгодишното истражување во кое земале учество 53.000 пушачи или поранешни пушачи било заклучено дека стапката на смртност кај дијабетичарите е 13%, а кај останатите околу 7%.  Кај пушачите што боледувале од дијабетес било забележано исклучително зголемување на ризикот од рак на белите дробови, предупредуваат истражувачите. Според нив, пушењето е многу опасно за дијабетичарите поради негативното влијание на срцето и на крвните садови. Истите сознанија биле забележани и кај испитаниците со преддијабетес.