Search for content, post, videos

Секогаш киваме со затворени очи

Не трудете се да се воздржите од кивање, бидејќи истражувањата покажуваат дека организмот би можел опасно да ви се „одмазди“. Тоа е природен начин да ги исфрлиме лошите честички што сме ги вдишале, а што се наталожиле во носот…

Рекордот во непрекинато кивање го држи Дона Грифитс од Рочестер. Оваа Британка кивала без прекин 978 дена, еднаш на секоја минута.

Добре дојдовте во сезоната на вирусите. Вооружете се со трпение и не обидувајте се да се воздржите да кивнете. Ако се обидете насилно да ја „совладате“ кивавицата, може да ви се случи следното сценарио – пукнати крвни садови во очите, или ослабени во мозокот или дупнати ушни ципи. Прифатете дека тоа е рефлекс што не можеме да го контролираме и кој не работи единствено додека спиеме. Еве уште неколку интересни информации за кивањето…

Киваме за да го рестартираме носот

Пред пет години, истражувачите констатирале дека одвреме-навреме кивавицата ни е и повеќе од потребна, бидејќи тоа е природен начин да ги исфрлиме лошите честички што сме ги вдишале, а што се наталожиле во носот. Тој биолошки „рестарт“ го активира силата на притисокот што се создава при кивањето.

Срцето работи и кога киваме

Заблуда е дека кога ќе кивнеме срцето „прерипува“ и се враќа во нормала дури откако ќе престанеме со кивањето. Вистина е дека бројот на отчукувања минимално се смалува, бидејќи додека киваме длабоко вдишуваме.

Кивавицата е „брза“ околу 60 километри на час

Експертите ја мереле брзината со која патува кивавицата и откриле дека нејзината најмала километража по час е 50.

Кога киваме исфрлуваме до 40.000 капки

Секојпат кога ќе кивнеме од устата ни излетуваат околу 40.000 капки и ја исполнуваат целата просторија. Ако не ставиме шамивче на носот или рака врз устата додека киваме, капките можат да одлетаат толку далеку што ќе исполнат простор и до девет квадратни метри.

Секогаш киваме мижејќи

Тоа се случува затоа што мозокот прима порака дека ќе преживееме „полесна“ паника, а таа, сакале ние или не, е придружена со кивање.