Search for content, post, videos

Што да јадете, а што да избегнувате пред спиење?!

Не се сеќавате кога последен пат убаво сте се наспале? За жал, не сте единствената, а недостатокот на сон има бројни последици. Една од нив е и дебелеењето. Научниците од Харвард заклучиле дека луѓето кои спијат 6 или помалку часови во текот на ноќта имаат 32% поголеми

шанси во текот на годината да добијат и до 15кг вишок за разлика од оние кои спијат просечно по 7 до 8 часа. Освен тоа, сонот влијае и на концентрацијата и на продуктивноста на работното место. А врз сонот значително влијание има храната која ја јадеме пред да си легнеме. И додека одредени продукти ни помагаат полесно да спиеме, други ни го нарушуваат сонот. Сепак, најважното правило е да се избегнува тешка и мрсна храна во попладневните и вечерните часови, а последниот оброк да биде најдоцна до 19 часот.

 

Избегнувајте: вино

Ритуал ви е чаша вино пред спиење? Можеби е време да создадете некои нови навики кои ќе ви помогнат побрзо да заспиете. А виното дефинитивно не спаѓа во таа категорија. Истражувањата покажале дека алкохолот, иако ни помага побрзо да заспиеме, исклучително лошо влијае врз квалитетот на сонот.

 

Пијте: сок од вишни

Сокот од вишни е одличен природен извор на мелатонин. Научниците од Универзитетот во Луизијана откриле дека природниот сок од вишни делува благотворно врз сонот. Нивното истражување покажало дека испитаниците во просек спиеле по 85 минути подолго откако две недели во континуитет пиеле по две чаши дневно од овој сок.

 

Избегнувајте: кафе без кофеин

Обожавате кафе, а свесна сте дека кофеинот е непријател бр.1 на сонот, па често попладневното кафе го менувате со она без кофеин? Не сте си помогнале многу. Ниту тој вид кафе не е сосема ослободен од кофеинот. Ако сакате да бидете сигурна дека кофеинот нема да му пречи на вашиот сон, пијте кафе најдоцна до 14 часот.

 

Пијте: чај од камилица
Чајот од камилица е најдобриот пријател на добриот сон. Ако сакате да спиете како бебе, тогаш пред да си легнете сварете си шолја од овој чај. Истражувањата покажаа дека камилицата помага при несоница, делува смирувачки и го стимулира излачувањето на глицинот, аминокиселина која ни помага да се опуштиме.

 

Избегнувајте: црно чоколадо
Иако е преполна со неопходните антиоксиданси, сепак црното чоколадо е и извор на природен кофеин. Колку е потемно чоколадото, тоа значи дека има повеќе кофеин бидејќи во неа има поголем процент какао.

 

 

Јадете: мед

Доколку не можете да заспиете без да каснете нешто благичко, тогаш најпрепорачливо е да се засладите со лажичка мед. Тој е природен извор на јагленохидрати кои се заслужни за добар сон, а со конзумирањето мед пред спиење помагате подобро да се согорат мастите во текот на сонот.

 

Избегнувајте: сладолед

Сладоледот е полн со маснотии и шеќери кои нема да се разградат пред да заспиете, ќе ве наполнат со енергија, но сето тоа во погрешно време. Освен тоа, одредени истражувања покажале дека конзумирањето храна богата со шеќер пред спиење е поврзано со појавата на кошмари.

 

Јадете: пуканки
Комплексните јагленохидрати го стимулираат излачувањето на серотонинот, хормон поради кој се чувствуваме поопуштено. Затоа пуканките се идеални грицки пред спиење, а освен тоа сиромашни се со протеини и маснотии.