Search for content, post, videos

Со авокадо против холестелорот

Редовното конзумирање авокадо е поврзано со снижување на концентрацијата на таканаречениот лош (ЛДЛ) холестерол во крвта. Ова го покажува најновото истражување спроведено во САД, а се нагласува дека

ваквото влијание на авокадото било најизразено кај дебелите луѓе. Истражувачите од Државниот универзитет на Пенсилванија обаснуваат дека авокадото е добар извор на витамини, минерали, растителни влакна како и мононезаситени масни киселини кои уште од порано се поврзуваат со помал ризик за мозочен и срцев удар. Останати добри извори на мононезаситени масни киселини се и маслиновото масло и оревестите плодови. Новите сознанија се добиени преку 2-месечно следење на 45 испитаници на возраст од 21 до 70 години.