Search for content, post, videos

Солта помага во битката против инфекциите

Солта, озлогласениот продукт според своето потенцијално негативно влијание врз здравјето, помага во битките против инфекциите, покажало едно ново истражување. Внесувањето повеќе сол во организмот може да му

помогне на телото да се бори против инфекциите, покажало новото истражување кое ќе ја разгори расправата за добрите и лошите страни на солта, која внесена во преголеми количини предизвикува покачување на крвниот притисок и следствено на тоа зголемен ризик од срцев и мозочен удар.

Солта е важна за метаболизмот, формирањето на коските, нервниот систем и системот за варење, а според германските и американските научници и за имунолошкиот систем. Од порано е познато дека организмот вишокот сол го таложи во кожата, а научниците утврдиле дека јоните од натриумот се насобираат на местата каде има кожни инфекции предизвикани од бактерии. Научниците по спроведеното истражување врз глувци покажале дека солта го јакне имунолошкиот одговор. Тие тврдат дека залихите сол и помагаат на кожата да се одбрани од микробите. Солта ги активира имунолошките клетки макрофаги кои ги убиваат причинителите на заразата.

Но ова сознание не треба да се користи како изговор за зголемено конзумирање сол. Зашто оние кои внесуваат премногу сол и понатаму се изложени на ризикот од развој на кардиоваскуларни пореметувања. СЗО препорачува внес до 5 милиграми сол дневно и нагласува дека смалениот внес на сол го смалува и ризикот од срцев и мозочен удар. Денес човекот во просек внесува 10 милиграми сол дневно.