Search for content, post, videos

Спасете се од кашлицата на природен начин

Чудесната напивка против кашлица можете да ја подготвите за 5 минути, а најдобро од сѐ е тоа што децата многу ја сакаат. Вкусна е и лековита, дејствува проверено и во лекување на кашлицата и на бронхитисот. Особено е делотворна кај децата но и кај возрасните.

Потребни состојки:

  • 2 средни зрели банани
  • 2 лажици шеќер или мед
  • 400 мл зовриена вода

Подготовка: излупете ги бананите, а потоа убаво изгмечете ги со вилушка. Додајте го шеќерот и измешајте. Прелијте со зовриената вода, покријте и оставете да отстои 30 минути. Ао користите мед, додајте го на крајот, кога напитокот ќе остине. Процедете низ пластична цедалка. Накусо по конзумирањето ќе почувствувате значително олеснување.