Search for content, post, videos

Важноста на појадокот во исхраната на децата

Кај децата што не појадуваат постои поголем ризик за премал внес на калциум, железо, јод и фолати, покажа истражувањето спроведено во Велика Британија. Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон ги следеле навиките на исхрана на 1700 деца на возраст од 4 до 10 години и од 11 до 18 години, во период од 4 години.

За потребите на истражувањето, појадокот е дефиниран како оброк со повеќе од 100 калории во период од 6 до 9 часот наутро. Како што пишува Бритиш журнал оф нутришн, 7% од децата на возраст од 4 до 10 години редовно го прескокнуваат појадокот, а пак повеќе од една четвртина оние на возраст од 11 до 18 години. Истражувањето покажало дека дури една тетина од сите испитани деца немаат минимум препорачан внес на железо. Кај 20% од децата што не појадуваат бил забележан и внес на калциум помал од минималните препораки.