Search for content, post, videos

Влијанието на кафето врз внесот на шеќерот

coffee and sugar

Истражувањето што го објави Журнал оф фуд сајанс сугерира дека кофеинот влијае на одредени рецептори во мозокот и на тој начин ја смалува можноста за осет за шеќер. Последица може да биде зголемена желба за внес на шеќер, сметаат американските научници од Универзитетот Корнел. Промените во перцепцијата на вкусот на храната по внесувањето кофеин се потврдени врз примерок од 107 испитаници. Дополнителните анализи покажале и дека учесниците во истражувањето не биле во состојба да разликуваат дали пиеле кафе со или без кофеин. Според истражувачите, испитаниците се чувствувале поразбудни и откако пиеле кафе без кофеин, што укажува на тоа дека секој вид кафе може да има и плацебо ефект.