Search for content, post, videos

Влијанието на вишокот сол во исхраната

Вишокот сол во исхраната е поврзан со смален внес на вода и зголемено чувство на глад, сугерира истражувањето на германските научници. Причината за засилување на чувството на глад е зголемување на потребата за енергија. Новите сознанија биле собрани во берлинскиот центар Макс Делбрук во текот на симулирана мисија на Марс. „Космонаутите“ што јаделе посолена храна задржувале повеќе вода во организмот, па затоа биле помалку жедни, објаснуваат истражувачите. Во истражувањето учествувале две групи од по десет мажи – едната група била следена 105 дена, а другата 205 дена.